ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55
Зима на море во Шпанија

Зима на море во Шпанија

 

Коста Брава една од најразвиените шпански туристички обали. Покрај модерните туристички ресорти, овде ќе најдете и пусти заливи, шармантни крајбрежни градчиња со квалитетни ресторани, спектакуларни глетки. Во зима ги нема летните метежи, и затоа ова е времето кога навистина можете да уживате во прошетките покрај море, превкусната сезонска храна и бројните атракции како Музејот на Салвадор Дали... можеби да поиграте голф .... или пак да заталкате низ уличките на средновековните гратчиња... и секако убавата Барцелона.

Зима на море и посета на Саграда Фамилија во Барцелона

7 ноќевања / 8 дена / директен лет од Скопје / КОСТА БРАВА И МАРЕЗМЕ

HOTEL 4* / 7 Полн пансион / + Вино и вода, гратис влезница за Саграда фамилија
Хотели Период на патување
02.01.2020 – 31.03.2020
Flamingo, Calella Palace, Mercury, Royal Star, María del Mar, Royal Beach, Don Juan... и слични

395.00€

 Дете 2 - 12 години 298 €
 Трет возрасен на дополнителен кревет  365 €
 Доплата за еднокреветна соба 136 €
 Доплата за услуга ALL / возрасни и деца  11 € / на ден
 Доплата за хотелите кои се само возрасни +16 години); како и Амаика и Фламинго или сл..  6 € / на ден

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Авионска карта на релација Скопје – Барселона – Скопје со 1 парче кабински багаж (макс. Димензии 40х30х20) по лице
Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Шпанија
7 ноќи во Хотел 4* со услуга полн пансион + вино и вода / Ексклузивна понуда на  H - Топ хотели
Името на хотелот ќе биде познато 24 часа по приемот на вашето барање.
Во случај да побарате одреден хотел, доплата изнесува 6 € по лице и ден
Вклучена влезница во САГРАДА ФАМИЛИЈА
Пакет за добредојде на денот на пристигнување

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

* Аеродромски и административни такси во износ од 60 еур
* Чекиран багаж: 10 кг = 2700 ден по куфер, или 20 кг = 3900 ден. по куфер
* Патничко здравствено осигурување
* Туристичка такса – се плаќа директно на рецепција во хотел
Дополнителна ноќ: на барање

За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 50% од вкупната цена. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 30 дена пред почетокот на аранжманските услуги.

Забелешка: Можна е корекција на горенаведената зана, поради промена во цената на авиобилетите.

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ДТУ ПЕТ.АЕРО и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Агенцијата го задржува правото 7 дена пред почеток на патувањето да го откаже аранжманот.