Попова Шапка е зимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 m) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај.

 Хотел ПОПОВА ШАПКА

се наоѓа покрај самите скијачки терении и располага со 53 соби (дво-креветни, трокреветни и четирикреветни) . Сите соби се со сопствена бања. Вкупниот капацитет е 190 гости.Хотелот располага со ресторан, аперитив бар, ТВ сала, диско клуб, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард, пинг-понг клуб, забавни игри и др.

Хотел СЛАВИЈА

располага со 33 соби (двекреветни, трикреветни и четирикреветни) и 6 апартмани. Сите соби се со сопствена бања.Хотелот располага со ресторан, тераса со поглед кон терените за скијање, сала за состаници, аперитив бар, ТВ сала, продавница, сервис за изнајмување на ски опрема, билијард клуб, пинг-понг клуб, забавни игри, покриен базен и др.

  Нов дел Стар дел
соби НП ПП ФП НП ПП ФП
01-фев 1200 1500 1830 1000 1300 1620
01-мар 1000 1300 1630 800 1100 1420
01-апр 950 1100 1430 750 900 1220
АПП 4400 5400 6400 / / /

Цените се изразени во денари.
Во собите дадени се по лице на ден. Во АПП цената се однесува за целиот апартман на ден.
Се доплаќа туристичка такса од 60 денари на ден.

Попусти:
За деца до 6 години кои се во соба со родители Бесплатно.
Деца од 06-12 години, во соба со родители кои не користат сопствен кревет и користат детски оброк 50% попуст
За деца од 06-12 години кои се во соба со родители користат сопствен кревет и детски оброк 30 % попуст

Цени за ски карти:
едно возење „Св Илија“ 100
едно возење „ Церипашина“ 200
Дневен билет 900
Полудневен билет 600
Седмодневен билет 5200
За деца до 8 год. 400
За студенти 600
Сезонски 14000


Цените се дадени без туристичка такса.
Важат општите услови на патување на Т.А. ПЕТ и СКТМ