ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55
Босна и Херцеговина, скијање

Босна и Херцеговина, скијање

Јахорина • зимување и скијање  2020

Јахорина (Босна и Херцеговина) припаѓа на Динарскиот планински систем, има неколку врвови од кои најголем е Огорјелица со 1,916 метри надморска височина. Ви го препорачуваме зимувањето и скијањето на планината Јахорина затоа што имате на располагање над 20 км негувани патеки за алпско скијање, поврзани со два модерни шестоседи, три двоседи, четири ски-лифтови и скилифт за деца, со вкупен капацитет од над 13.000 скијачи на час, модерно ски-училиште и изнајмување на ски опрема. Квалитетот и изборот на патеките ги задоволуваат и почетниците и љубителите на најтешките скијачки патеки. Планината Јахорина нуди пријатно алпско скијање, крос-кантри скијање, санкање, ноќно скијање, пешачење,  добра забава во хотелите и клубовите. Зимската туристичка сезона на Јахорина, во зависност од снежните услови, започнува околу 15 декември и трае до 15 април.

Сместување нa Јахорина

Пристапните цени во однос на ски-центрите во регионот, како и континуираноти инвестирање во изградба, исто така, се многу важен фактор кој придонесува за голем број на туристи што го избираат токму за овој зимски центар. Искористете ја можноста и поминете ја зимата во удобно хотелско сместување на Јахорина!
Јахорина е на 28 км од Сараево и 648 км од Скопје. (кликнете за мапа на рутата до јахорина)
www.oc-jahorina.com
Висина: 1300-1890
Скијачки терени на Јахорина: 20 км уредени патеки.

Купување на ски карти: на лице место или во агенција

Skipass за 6 дена: возрасни = 112,50€, деца = 89,50€

Скијачкиот центар е поврзан со 3 шестoседa, 2 двоседи, 3 ски-лифтови и 1 лифт за мали деца, а од сезоната 2019/2020 е достапна нова гондола со кабини со 10 места, со што скијањето на Јахорина е уште попријатно искуство. Дел од патеките се покриени со вештачки снежен систем со вкупна должина од 3290м. Просечниот број на денови под снег е над 150, а висината на снежната покривка достигнува и до 3 m.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

Прв ден. Пристигнување во хотел и сместување во соба по 16 часот. 
Втор ден до последен ден. Престој во хотел според избраната услуга. Последен ден, напуштање на хотелот до 10 часот.
Крај на програмата.

ХОТЕЛИ ВО ПОНУДАТА:

Хотел Бистрица 3*, Јахорина

Хотел Бистрица 3*, Јахорина

-10% (BB, HB)

... со идеална локација, на видиковец, надморска височина од 1620 m.  150 m од ски патеките. 

 

Хотел Лавина 4*, Јахорина

Хотел Лавина 4*, Јахорина

(HB)

...новоизграден објект, со модерни содржини, помеѓу ски патеките Огоријелица и Прача.

Хотел Боард 4*, Јахорина

Хотел Боард 4*, Јахорина

(HB)

...во центарот на туристичкиот комплекс Јахорина, на 150 м од ски патеките и ски лифтовите

Хотел TERMAG 4*, Јахорина

Хотел TERMAG 4*, Јахорина

(HB)

... во центар, на самите терени, со базен и СПА центар.

Хотел VUČKO 4*, Јахорина

Хотел VUČKO 4*, Јахорина

(HB)

... на самите ски патеки, во центарот со голем СПА центар.

SKIPASS 2019/2020, Јахорина

SKIPASS 2019/2020, Јахорина

... 20 km ски патеки, на надморска височина од 1300-1890, гондола за 10 лица, 3 шестoседa, 2 двоседи, 3 ски-лифтови и 1 лифт за мали деца,

SKI OPENING ЈАХОРИНА

SKI OPENING ЈАХОРИНА

... скијање по патеките на олимписките победници - 12-15 декември.