T: + 389 2 322 22 01 · F: + 389 2 311 64 32 · ПЕТ Туристичка агенција ·  
.
.
За нас
Туристичката агенција ПЕТ, основана 1998 година, нуди услуги како што се пакет аранжмани во текот на целата година, посредување при авионски билети, организирање на деловни патувања за конгреси и саеми, трансфер со разни видови траспортни средства.
Голем дел од нашите активности се насочени кон организирање на летни аранжмани, а нашите клиенти можат да посетат и да уживаат во мошне атрактивни и популарни европски и светски дестинации.
Нашата компанија стана препознатлив бренд во здравствениот туризам во Македонија и околината, нудејќи ги услугите на очната клиника Фјодоров од Москва, Русија. Како застапници на оваа клиника, продолжуваме да ја одржуваме нивната висока репутација меѓу пациентите и сите кои се инволвирани во овој процес. Нашата услуга се состои во грижа за пациентите од моментот на нивното поаѓање од Скопје, вклучувајќи транспорт, сместување, посредување при виза, закажување на преглед и 24 часовен третман и нега за време на престојот во Москва.
Т.А. ПЕТ има склучено договор со сите авионски компании и нуди авио билети за сите ваши патувања. Соработувајќи со авионските компании, нашите вработени може да ви резервираат авионски билети од било која компанија и кон секој дел на светот. Исто така, договараме чартер летови за нашите аранжмани во странство, како и за организирани групни и бизнис патувања.
Нашиот тим е составен од образувани и стручни кадри со високо образование и искуство од различни области. Дел од нив поседуваат и меѓународни сертификати, IATA, за работа со авио билети.
Авио такси услугите се тие кои не издвојуваат од другите. За нашите клиенти можеме да обезбедиме најбрз и најбезбеден транспорт на патници и добра насекаде во светот.
Ние сме секогаш отворени за соработка и се надеваме дека ќе станеме Ваш партнер.

Со почит,
Т.А.ПЕТ
 
hd
Хит и промотивно ХРВАТСКА
ИСТРА и КВАРНЕР - пакет аранжмани
Хотел Делфин и ТЦ Увала Скот. повеќе >
 
sh
Истражете го Египет со нашата промотивна хит понуда. Од 03.07.2008 до 13.07.2008.
повеќе >
 
Неверојатна земја која често се опишува како крстопат помеѓу истокот и западот, помеѓу Европа и Азија, а христијанството со исламот. Место каде секое делче крие своја приказна и е дел од некоја неверојатна култура. Дојдете во овој џин протегнат над босфорот и уживајте во прекрасните плажи, планини, мостови, цркви, манастири, џамии.....едноставно, Турција.

Аланиа
(превземи во PDF)
Белек
(превземи во PDF)
Кемер (превземи во PDF)
Лара Кунду
(превземи во PDF)
Сиде (превземи во PDF)
 
.