T: + 389 2 322 22 01 · F: + 389 2 311 64 32 · ПЕТ Туристичка агенција ·  
.
.
Општи услови за патување
1. Содржина на аранжманот
Туристичката Агенција „ПЕТ“ го гарантира спроведувањето на аранжманот што го организира според описот на истиот. Содржината на аранжманот, Т.А. „ПЕТ“ ќе ја оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на вонредни околности (војна, немири, штрајкови, терористички акции, санитарни пореметувања, елементарни непогоди, интервенции на надлежните органи и сл.).

2. Пријави и уплати

Пријави за патување се примаат во Т.А. „ПЕТ“ и во овластените агенции од страна на Т.А. „ПЕТ“. При пријавувањето, патникот е должен да ги даде сите податоци и документи кои се потребни за одредена програма на патување. При пријавување патникот уплаќа 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот од износот најдоцна 10 дена пред реализација на аранжманот. За „резервација на барање“ се уплаќа аконтација според ценовникот на Т.А. „ПЕТ“. Т.А. „ПЕТ“ нема да прифати пријава за резервација без уплатена аконтација. Ако патникот не ја прифати потврдената резервација која е направена на негово барање, Т.А. „ПЕТ“ ќе ја задржи уплатената аконтација за покривање на трошоците на резевацијата. На денот на пријавувањето, патникот потпишува договор со назнака „Запознат сум со програмата и условите на патувањето“ и во целост ги прифаќам. Потврдувам дека ми е понудено патничко осигурување“. На тој начин се што е наведено во овие услови станува правна обврска и за патниците и за Т.А. „ПЕТ“.

3. Цена на аранжманот
Цената на аранжманот вклучува се што e наведено во програмата на патувањето. Посебните услуги се услуги што не се вклучени во цената на аранжманот, па поради тоа патникот посебно ги плаќа. Овие услуги треба да се побараат при пријавувањето и се доплаќаат на цената на аранжманот. Факултативните и посебните услуги што ќе ги побара патникот во текот на патувањето се плаќаат на туристичкиот придружник или на претставник од Т.А. „ПЕТ“, во валута на земјата во која се нуди услугата. Цените на аранжманот се објавени во денари, а се пресметани според цените на услугите во референтните валути по продажниот курс на правните менувачници на денот на уплатата. Т.А. „ПЕТ“ го задржува правото на промена на објавените цени во случај на промена на цената на сместувањето храната, превозните и другите услуги, односно во случај на промена на вредносниот однос на валутите кои се основа за пресметување на цената на аранжманот. За зголемување на цената на аранжманот до 10%, не е потребна согласност од страна на купувачот (зголемувањето се пресметува на сите делови на уплатата). Во случај на зголемување на цената над 10%, купувачот има право да го раскине договорот без обврска за надокнадување на штетата.

4. Категоризација и опис на услугите

Понудените објекти за сместување, ресторани, превозни средства и др. опишани се според службената категоризација на месната туристичка организација во времето на издавање на програмата. Стандардите на сместувањето, исхраната, услугите и др. во различни земји и поедини места се различни и не се споредливи. Информациите кои патникот ќе ги добие на продажното место не ја обврзуваат Т.А. „ПЕТ“ повеќе отколку во известувањата наведени во програмата на патувањето.

5. Промена на програмата

Т.А. „ПЕТ“ има право да го откаже аранжманот потполно или делумно, ако пред или за време на неговото траење настанат вонредни услови што не можат да се предвидат, избегнат или отстранат. Договореното сместување може да се заменио само со сместување во објект од иста или повисока категорија, а на трошок на Т.А. „ПЕТ“.

6. Право на Т.А. „ПЕТ“ на откажување на аранжманот
Т.А. „ПЕТ“ исто така може да го откаже аранжманот ако не се пријави доволен број на патници предвидени за одреден аранжман. Со програмата на секој аранжман, Т.А. „ПЕТ“ го објавува минималниот број на патници потребен за да се реализира програмата. Т.А. „ПЕТ“ е должна сите купувачи да ги извести за откажување на програмата најмалку 3 дена пред почетокот на аранжманот и да го врати целокупниот уплатен износ за аранжманот.

7. Откажување на патникот од аранжманот
Патникот може да го откаже патувањето:
- Откажување од 30 - 20 дена пред патување - се наплаќа 10%одценатанааранжманот
- Откажување од 19 - 15 дена пред патување - се наплаќа 40% од цената на аранжманот
- Откажување од 14 - 8 дена пред патување - се наплаќа 60% од цената на аранжманот
- Откажување од 7 - 0 дена пред патување или во тек на патување - се наплаќа 100% од цената на аранжманот
Кај откажувањето на сите аранжмани не се наплаќа трошокот за набавените визи.

8. Обврски на организаторот на патувањето

Т.А. „ПЕТ“ е должна да се грижи за извршување на услугите како и за изборот на извршител на услугите со внимание на добар организатор. Да се грижи за правата и интересите на патникот согласно со добрите обичаи во туризмот. Т.А. „ПЕТ“ е должна на патникот да му ги пружи сите наведени услуги во програмата од одреден аранжман и одговара пред патникот за неизвршените услуги или дел од услуги. Т.А. „ПЕТ“ ја исклучува секоја одговорност во случај на промена или неизвршување на услуги причинети од виша сила (наведени во првата точка), а исто така заради доцнење на превозни средства кои Т.А. „ПЕТ“ не може да ги предвиди. Во овие случаи патникот сам ги подмирува сите дополнителни трошоци. Т.А. „ПЕТ“ е должна да го извести патникот за степенот на ризичност на патувањето во поедини земји според листата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

9. Обврска на патникот

Патникот е должен да:
- Да поседува исправни патни исправи.
- Трошоците за губење или кражба на документи во текот на патувањето ги сноси патникот. Придружникот на групата ил претставникот на Т.А. „ПЕТ“ ќе помогне под услов програмата да се одвива непречено. Ако за некое патување е потребна виза, Т.А. „ПЕТ“ може да посредува за нејзино добивање со одреден надомест, но Т.А. „ПЕТ“ не гарантира за добивање на истата.
- Да се вакцинира и да поседува документи, потврда за вакцинација за патувања во земји каде е потребно тоа според прописите на Светската здравствена организација. Непоседувањето на овие документи, како и/или неисправност на патните документи кои ќе доведат до откажување од патувањето или неможност за понатамошно патување, не ја обврзуваат Т.А. „ПЕТ“, па се пресметуваат отказни трошоци според точка 7.
- Да ги почитува царинските и девизните прописи на Република Македонија, како и на државите во кои се престојува во текот на патувањето.
- Да се придржува на куќниот ред во сите објекти и да соработува со извршителот на услугите со најдобри намери.
- Да се придржува до упатствата и да соработува со туристичкиот придружник/претставник од Т.А. „ПЕТ“.
- Пред поаѓање на патување на туристичкиот придружник/претставник од Т.А. „ПЕТ“ да се предочат документи за плаќање на аранжманот: оригинал ваучер, потврда за уплата, копија од вирман.
- Во случај на непочитување на овие услови, патникот ќе одговара на Т.А. „ПЕТ“ за нанесена штета.

10. Багаж
Патникот има право на бесплатен превоз до 15 килограми багаж на чартер летовите и до 20 килограми багаж на редовните воздужни линии. Деца до 2 години немаат право на бесплатен превоз на багаж. Багажот се превезува на ризик на патникот, па поради тоа се препорачува осигурување на багажот од страна на осигурителна компанија. Т.А. „ПЕТ“ не е одговорна при губење или оштетување на багажот, како ни за кражба на багаж или скапоцености во хотел (се препорачува наем и користење на сеф). Пријавата на секое оштетување/оттуѓување се упатува до превозникот или до рецепцијата на објектот каде е сместувањето.

11. Сместување во соби/апартмани

Ако купувачот не договорил соба/апартман со посебни одлики, ќе прифати било која соба или апартман службено регистрирана за издавање во наведениот објект, опишан во каталогот и ценовникот. Ако е можно, Т.А. „ПЕТ“ ќе се обиде да ги задоволи дополнителните барања за сместување на патникот, но не може да гарантира за исполнување на такво барање.

12. Решавање на приговор
Ако услугите од програмата се неповолни или неквалитетно извршени, патникот може да бара сразмерна отштета така што ќе приложи писмен приговор. Секој патник-носител на договор, има право на приговор заради неизвршени договорени услуги. Секој патник-носител на договор, го поднесува приговорот засебно. Т.А. „ПЕТ“ нема да прифати групни жалби.

Постапка во врска со приговор:
- Веднаш на самото место, патникот ја рекламира услугата што не одговара кај туристичкиот придружник/претставник од Т.А. „ПЕТ“, а во негово отсуство, истата ја рекламира кај извршителот на услугата. Патникот е должен да соработува со туристичкиот придружник/претставник од Т.А. „ПЕТ“/извршителот со добра намера да се отстранат причините за приговорот. Ако патникот на лице место не го прифати понуденото решение на приговорот, а кое одговара на платената услуга, организаторот нема да прифати надокнада на рекламацијата на патникот, ниту ќе одговори на неа.
- Ако причината за приговорот е отстранета, патникот со туристичкиот придружник/претставник од Т.А. „ПЕТ“/извршителот на услугите ќе состават писмена потврда во два примерока и двете страни ќе ја потпишат. Патникот ќе задржи еден примерок од потврдата.
- Најдоцна 8 дена по враќањето од пат, патникот е должен да ја предаде писмената потврда на продажното место каде го уплатил аранжманот. Со писмена потврда треба да ги приложи и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Т.А. „ПЕТ“ ќе ги уважи само целосно документираните забелешки кои ќе ги прими во наведениот рок од 8 дена. Т.А: „ПЕТ“ е должен да донесе писмено решение врз основа на овој приговор во рок од 14 дена од денот на примањето на приговорот на продажното место. Т.А. „ПЕТ“ може да го одложи рокот за решавање на приговорот заради прибирање информации и проверка на жалбата за уште 14 дена.
- Т.А. „ПЕТ“ ќе ги решава само оние приговори на кои причината не можела да биде отстранета на местото на настанување. Додека Т.А. „ПЕТ“ не донесе решение, патникот се одрекува од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавни гласила.
- Најголемиот надомест по приговорот може да го постигне износот на рекламираниот дел на услугата, а не може да ги опфати искористените услуги, како ни износот на целиот аранжман. Со ова се исклучува правото на купувачот на надомест на идеална штета.

13. Надлежност на судот
Во смисла на точка 12 од овие услови купувачот на услугите од програмата на Т.А. „ПЕТ“ има право на приговор. Ако купувачот не е задоволен од решението на Т.А. „ПЕТ“, има право на судска арбитража. За таков случај надлежен е судот во Скопје.
Овие општи услови за патување се составен дел од договорот кој патникот го склучува со Т.А. „ПЕТ“, односно со овластената туристичка агенција во која се пријавил за патување кое го организира Т.А. „ПЕТ“. Со потпишување на договорот, во целост ја прифаќа програмата и условите за патувањето.
 
hd
Хит и промотивно ХРВАТСКА
ИСТРА и КВАРНЕР - пакет аранжмани
Хотел Делфин и ТЦ Увала Скот. повеќе >
 
sh
Истражете го Египет со нашата промотивна хит понуда. Од 03.07.2008 до 13.07.2008.
повеќе >
 
Неверојатна земја која често се опишува како крстопат помеѓу истокот и западот, помеѓу Европа и Азија, а христијанството со исламот. Место каде секое делче крие своја приказна и е дел од некоја неверојатна култура. Дојдете во овој џин протегнат над босфорот и уживајте во прекрасните плажи, планини, мостови, цркви, манастири, џамии.....едноставно, Турција.

Аланиа
(превземи во PDF)
Белек
(превземи во PDF)
Кемер (превземи во PDF)
Лара Кунду
(превземи во PDF)
Сиде (превземи во PDF)
 
.