4 дена - авионски превоз  

Венеција е една од најважните туристички дестинации во светот, тој е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот, некои го сметаат за "жив музеј".
Во Венеција постојат голем број атракции, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко... Карневалот, Венецискиот филмски фестивал...


Цена: од 199 еур

1. ден СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Полетување од Скопје во 18:20 часот. Слетување во Венеција во 20:00часот. Трансфер до хотелот дп Лидо Ди Јесоло. Сместување во хотел со 3* на база полупансион. Вечера. Ноќевање.

2. ден ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности: Разглед на Венеција, разглед на Верона... Вечера. Ноќевање.

3. ден ВЕНЕЦИЈА
Појадок.Слободен ден за индивидуални активности: посета на најголемиот шопинг центар во регионот . Вечера. Ноќевање.

4. ден ВЕНЕЦИЈА-СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до аеродромот во 11:00 ч. Полетување за Скопје во 13:45 часот. Слетување во Скопје во15:25 часот.

ФАКУЛТАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗГЛЕД НА ВЕНЕЦИЈА:
Трансфер од хотел до пристаниште, превоз со брод до Венеција и назад, лиценциран водич за разглед на градот: плоштадот и црквата Свети Марко, Дуждевата палата,Кулата, мостот Риалто, мостот на воздишки, каналот Гранде, и многу други знаменитости на Венеција.

Во цената е вклучено:
-Авионски билет Скопје-Венеција-Скопје
-Хотелско сместување во хотел со 3*- 3 ноќевања на база ПОЛУПАНСИОН
-Трансфер од аеродромот Венеција до хотелот и назад

Во цената не е вклучено:
- аеродромските такси: 35 еур
- патничко осигурување 150,оо МКД
- разглед на Венеција: 50 еур која вклучува: Превоз со автобус од хотел до пристаниште и назад, повратна бродска карта, и лиценциран водич.
- факултативните излети

Важат општите услови за патување на Т.А ПЕТ и СКТМ.