ЈУГО-ИСТОЧНА АЗИЈА -СРЦЕТО НА ОРИЕНТОТ

БАНКОК - ПАТАЈА - СИЕМ РЕП - ХАНОЈ - ХАЛОНГ БЕЈ - ХОШИ МИН

23.03.2012 - 04.04.2012- 13дена


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА : (МИН 15 ПАТНИЦИ) МКД 148,000.00

Програма на патувањето :

Ден 1 Петок 23 Март СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - БАНГКОК
Состанок на групата на Скопскиот аеродром - Александар Велики во 11:30 часот. Полетување во 13:55 и слетување во Истанбул во 16:15. Полетување за Банкок во 19:45. Пристигнување во 09:45 следниот ден.
Ден 2 Сабота 24 Март БАНГКОК
Пристигнување во Бангкок и трансфер до хотел, сместување . Поаѓаме на организиран разглед на Бангкок каде прво ќе го видиме храмот на Златниот Буда - Ват Трајмит , статуа изработена од 5,5 тони чисто злато, пред 900 години. Од тука продолжуваме кон храмот на Зората, Ват Арун, едно од најкомерцијализираните обележја на Бангкок. Ке го посетиме и храмот на Лежечкиот Буда, Ват По или Ват Фра Чатуфон, еден од најстарите храмови познат како место од каде потекнува познатата Тајландска масажа наречена Лежечки Буда. Разгледот на Бангкок ќе го завршиме со посета на Кралската Палата и храмот на Смарагдниот Буда. Двата објекти се споени во еден голем комплекс каде се гледа контрастот помеѓу традиционална Тајландска архитектура и Европска архитектура на кровната конструкција на Кралската Палата. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 3 Недела 25 Март БАНГКОК
Појадок во хотел. Утринско поаѓање кон една од најатрактивните локации во Бангкок -Пловечкиот Пазар, Дамнернсадуак. Пловејки со бротче низ многубројните каналчиња, ќе имаме можност да ги почуствуваме мирисот, колоритот и бучавата и ја доловиме атмосферата на секојдневниот живот на локалното население. Ќе имаме можност да пробаме кокосово млеко, манго, папаја, личи, румбутан и други видови егзотични плодови. Од тука заминуваме кон Градината на ружите, каде на 50 акри простор е лоцирана егзотична, тропска градина богата со многубројни видови егзотични растенија, орхидеи...Ке посетиме типично Тајландско село каде ќе се запознаеме со традиционалниот фолклор- тајландски танц и музика, Кик бокс, борби со мечеви, ќе видиме слончиња кои се користат за работа... Враќање во хотел,можност за вечерна прошетка. Ноќевање.
Ден 4 Понеделник 26 Март БАНГКОК - ПАТАЈА
По појадокот, трансфер до популарното егзотично летувалиште во Тајланд -Патаја, кое се наоѓа на раздалеченост од стотина километри од Бангкок. Сместување во хотел. Слободно попладне за уживање на прекрасните плажи. Ноќевање.
Ден 5 Вторник 27 Март ПАТАЈА
Слободен ден за релаксација и капење. Можност да прошетате низ Патаја и да ги пробате локалните морски специјалитети. Ноќевање.
Ден 6 Среда 28 Март ПАТАЈА - БАНГКОК - СИЕМ РЕП
По појадокот, трансфер до Бангкок и лет за Камбоџа - Сием Реп во 11:35. Трансфер до хотел. Попладневниот разглед на Сием Реп го започнуваме со најпознатиот храм Ангкор Ват, кој во 1992 година е прогласен за Светско Културно Наследство. Во светот, храмот е познат и како уникатно градежно здание и тоа по еден од најдолгите градежни релјефи кој се протега долж надворешите ѕидини . Преку релјефот се раскажуваат приказни од Хинду митологијата. Ќе го посетиме и Храмот Бакенг каде ќе уживаме во романтичното заоѓање на сонцето од брдото Бакенг. Продолжуваме кон традиционален Камбоџиски ресторан во кој ќе можеме да уживаме во локалната традиционална кујна и познатиот традиционален танц на Апсара.
Ден 7 Четврток 29 Март СИЕМ РЕП - ХАНОЈ
Денешниот ден ќе го посветиме на посета на останатите познати Ангкор храмови. Денот ќе го започнеме од Јужната капија на Ангкор Том , истражувајќи го централниот дел на овој стар град- Бајон. Бајон содржи 54 кули декорирани со повеќе од 200 енигматични, насмеани лица изработени од камен. Ќе ги посетиме и терасата на Слоновите, Фименакас, Кралската градина, Терасата на лепрозните кралеви,Храмот Та Пром. Остатокот од денот ќе го посветиме на храмот Бантеј Среј , познат како Цитадела на Жената, дом на еден од најубавите примероци на Кмерската уметност. Трансфер до аеродром и лет за Ханој во 19:50. Слетување во Ханој во 21:30, трансфер до хотел. Ноќевање.
Ден 8 Петок 30 Март ХАНОЈ
По појадокот, денот ќе го поминеме истражувајќи го градот Ханој кој е наша прва станица во Виетнам. Ќе го посетиме комплексот Хо Ши Мин, кој го сочинуваат неколку објекти како: Мавзолејот на Хо Ши Мин, Председателската палата, и старата наколна куќа на Хо Ши Мин -основачот на комунистички Виетнам. Понатаму ќе ги видиме: Храмот на Литературата, познат како првиот Универзитет на Виетнам, Едностолбната Пагода (храм) и музејот на Виетнамската историја. Ќе го видиме и центарот на градот каде главните знаменитости се лоцирани околу Западното Езеро. Тоа се Пагодата Тран Квок и Храмот Кван Тан. Посетата на Ханој ќе ја завршиме со посета на езерото Кием каде се наоѓаат и познатите Виетнамски водени, куклени театри и ќе присуствуваме на една претстава. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 9 Сабота 31 Март ХАНОЈ - ХА ЛОНГ БЕЈ (КРСТАРЕЊЕ)
По појадокот се упатуваме кон заливот Ха Лонг (заштитен од УНЕСКО како Светско Природно Наследство) каде преку 1600 островчиња се издигнуваат од кристално тиркизната вода и наликуваат на грпка на воден змеј. Името Ха Лонг значи “каде змејот влегува во море”. По пристигнувањето, ќе се качиме на брод и ќе започнеме со крстарење по заливот. Ќе имаме можност да уживаме капејќи се и сончајќи се на сончевата палуба, ќе ја дегустираме виетнамската храна (ручек и вечера) и ќе научиме како се приготвува, ќе направиме екскурзија до пештерата Сонг Сот...Ноќевање на брод.
Ден 10 Недела 01 Април ХА ЛОНГ БЕЈ - ХАНОЈ - ХО ШИ МИН СИТИ
Рано утринско будење за утринско кафе со изгрејсонце на палуба. Можност за краток курс по Таи Чи. Појадок. Напуштање на бродот во претпладневните часови и трансфер до аеродромот во Ханој. Лет за Хо Ши Мин Сити во 17:00 часот. Слетување во 19:00 часот. Сместување во хотел. Ноќевање.
Ден 11 Понеделник 02 Април ХО ШИ МИН СИТИ (САЈГОН)
Појадок во хотел. Овој ден го посветуваме на разглед на главниот град на Виетнам- Хо Ши Мин Сити, поранешен Сајгон. Овој град е со кратка историја од само 300 години и со впечатлив контраст помеѓу традиционалната виетнамска култура и француската колонизаторска архитектура. Ќе ги видиме катедралата Нотр Дам, старата поштенска зграда, виетнамската Опера Хаус со преку 800 седишта, зградата на Народниот Комитет, палатата на Реунификација, музејот на Виетнамско-Американската војна. Продолжуваме кон Кинеската Четврт каде ќе ја видиме пагодата Тиен Хау , ќе уживаме во Чолон тура со рикши по егзотичните улици и ќе го видиме пазарот Бин Таи. Разгледот го завршуваме со посета на кулата Битекско од каде ќе уживаме во прекрасен панорамски поглед на целиот град. Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 12 Вторник 03 Април ХО ШИ МИН СИТИ - ИСТАНБУЛ
По појадокот го напуштаме хотелот и се упатуваме кон местото Таи Нин каде ќе можеме да ги видиме Ку Чи тунелите. Таи Нин е познат како седиште на униката секта, Као Даи, хибрид на будизам, таоизам, конфучијанизам и христијанство со впечатлив Као Даи храм. Тунелите Ку Чи се подземна комплексна мрежа од тунели, која се протега на преку 250 км., користени од Виет Конг војниците во време на виетнамската војна. Оттука се упатуваме кон аеродромот и полетуваме кон Истанбул во 20:30 часот.
Ден 13 Среда 04 Април ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Слетување во Истанбул во 06:00 часот. Полетување за Скопје во 12:35 часот и слетување во Скопје во 12:55 часот.

Напомени:
• Доплата за еднокреветна соба: мкд
• Доколку бројот на патници е под 15, агенцијата го задржува правото на промена на цената

Во цената се вклучени следните услуги :
• Авионски превоз Скопје - Истанбул- Бангкок-Сием Реп -Ханој- Хо Ши Мин Сити - Истанбул - Скопје
• Трансфери аеродром - хотел - аеродром
• Сместување во хотел со 4**** четири звезди на база на ноќевање - појадок
• Превоз со модерен туристички автобус и посета на сите места според програмата
• Крстарење во Халонг Беј во традиционален Јунк крузер со вклучени оброци како по програма
• Локален водич на Англиски јазик според програмата
• Преставник од агенцијата за време на патувањето

Во цената не се вклучени следните услуги :
• Патничко осигурување за времетраење на програмата
• Аеродромски такси 22,300 мкд
 
Важат општите услови за патување на Т.А ПЕТ и СКТМ.