ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55
Мароко - Магијата на пустината

Мароко - Магијата на пустината

Авион, лет од Софија /9 дена / 7 ноќевања

Софија – Маракеш – Уарзазат – Ерфуд – Ифран – Фес – Рабат – Касабланка – Маракеш – Софија


Мароко е земја, богата на контрасти, изненадувања, зачудувачки спомени од автентичните медини и сочувани градски улички. Мароко, како земја со невообичаено разновидна природа и незаборавни глетки, ќе ги изненади оние што се доволно храбри да ја откријат вистинската природа, далеку од поплочените патеки. Мароко - кралски пречек и магична дестинација што вреди да се посети!

Ден 1 -- Софија - Маракеш

Заминување од аеродромот во Софија (Терминал 1) во 15:00 ч. со директен чартер лет на авиокомпанијата "BH Air". Пристигнување на аеродромот во Маракеш во 17:30 ч. и пречек од страна на локалната агенција. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера и ноќевање.

Ден 2 -- Маракеш

Појадок. Туристичка програма во историскиот дел на античкиот кралски град Маракеш, уште нарекуван „Бисер на југот“: џамијата „Котубија“ (однадвор); кулата близнак на севилската “Хиралда“; градините “Менара“; Палатата „Бахија“ (со вклучена влезница); Гробницата на Саади (однадвор) – династија, која управувала со Мароко од 1554 до 1659 година; Џамијата „Касба“ (однадвор); Плоштадот „Џема Ел Фна“. Можност за посета на градините на Мажорел (влезница се плаќа на лице место). Слободно време во Маракеш. Вечера во хотелот. По желба и претходна резервација - фолклорна шоу-програма во ресторан "Chez Ali" (без вклучена вечера и пијалоци). Ноќевање.

Ден 3 -- Маракеш - Уарзазат - 200 km

Појадок. Поаѓање низ Атласките планини за Аит Бен Хадду - една од најспектакуларните знаменитости долж карпестата пустина на Мароко, сместена на јужните падини на Атласките планини. Градот е познат по високите глинени згради, изградени зад одбранбени ѕидини и познати по името „касба“. Познат како ксар, Аит Бен Хадду се смета за еден од највпечатливите примери на архитектурата во јужниот дел на Мароко, вклучен во списокот за светско и културно наследство на УНЕСКО. Автентичната и живописна атмосфера на оваа берберска тврдина, сместена во пустината, е причината зошто често се користи како плоштатка за филмови во многу холивудски филмови и ТВ серии. Поаѓање за Уарзазат, нарекува уште и „Порта на пустината“. Долго време градот бил пресена точка на африканските трговци на патот кон северниот дел на Мароко и Европа. Уарзазат се наоѓа на 1150 метри надморска височина во планините Атлас. Едно од обележјата на Уарзазат е извонредната тврдина на Тауриртите, сместена на крајот на градот. Уарзазат е исто така светски познат филмски центар, со најголеми студија во Мароко, каде што најпознатите меѓународни компании ги прават своите филмови. Сместување во реонот на Уарзазат или Бумалне ду Дадес (Bоumalne du Dades). Вечера. Ноќевање.

Ден 4 -- Уарзазат - Ерфуд - 315 km

Појадок. Поаѓање за Ерфуд низ долината Дадес и кањонот Тодра. Долината е опкружена со импресивни типични цитадели, меандри покрај плодни полиња и цветни градини, а патот е опкружен со бадеми, палми, маслинови градини. Во подножјето на Атлас, пејзажот се менува кон кањонот преку берберски провинции и номадски пастирски племиња. Тука се отвара една од најспектакуларните глетки во Мароко - кањонот Тодра издлабен од две реки, чија ширина на места се стеснува до 10 m, а вертикалните sидови од секоја страна достигнуваат висина до 160 m. Две гигантски розови гранитни карпи се допираат една до друга на висина од 300 метри, оставајќи простор за мала река и тесна патека за туристите. Пристигнување во Ерфуд - град оаза во пустината Сахара. Туристичка програма во Ерфуд со локален водич: Кралската палата, ѕидовите на Ксар Маадид, локалниот пазар. Сместување. По желба - екскурзија до песочните дини на Мерзуга со џипови и камили на зајдисонце. Патеката минува низ дини од песок, недопрени песочни ридови и места, оставени под влијанието на сонцето и ветерот. Секој момент ја менуваат бојата од розова, преку окер во црвена, а благодарение на заслепувачките сончеви зраци ги воодушевува наблудувачите. Вечера и ноќевање.

Ден 5 -- Ерфуд - Ифран - Фес - 415 km

Појадок. Поаѓање за Фес. По пат - пауза во Ифран - познат ски-центар во Мароко со пејзаж сличен на алпските предели и со одлична инфраструктура. Ифран е изграден од французите како база за одмор, а денес е познат како „Мароканска Швајцарија“ поради неговата типична архитектура во европски стил. Пристигнување во Фес. Сместување. Вечера и ноќевање.

Ден 6 -- Фес

Појадок. Туристичка програма во Фес - најстариот и величествен од четирите империјални градови во Мароко, кој сè уште се гордее со своите традиции и култура. Градот е основан во 8 век од потомок на Мохамед. Денес, Фес се смета за религиозна престолнина на Мароко. Градот е поделен на три дела: Фес ел Бали - стариот дел, кој е опкружен со тврдини и е дел од списокот на историското наследство на УНЕСКО; Фес ел Џадид - дел од новиот град Фес, вклучувајки и т.н. Меллах (еврејски кварт); Вил Нувел - најновиот дел од градот Фес, создаден од Французите. Посета на старата Медина - вистински лавиринт со повеќе од 9400 улици, високи згради, кривулести и тесни патеки, до кои дури и сончевата светлина тешко може да навлезе. Турата продолжува со Медресе „Бу Инанија“ (вклучена влезница), хидрауличниот часовник со неверојатна структура Дар Ал Магана, најстариот универзитет во Мароко „Ал Крауин“, кој е изграден во 859 година и е еден од водечките духовни и едукативни центри во муслиманскиот свет. Слободно време за ручек. Попладне, слободно време за прошетка низ трговската улица, која важи за една од најубавите во Мароко. Вечера во хотелот. Ноќевање.

Ден 7 -- Фес - Рабат - Касабланка

Појадок. Поаѓање за Рабат - главен град на Кралството кое се наоѓа на брегот на Атлантикот и на јужниот брег на реката Бу Регрег, кој го одвојува градот од соседниот град Сале. Основањето на главниот град датира од II век п.н.е., а во 1195 година, за време на владеењето на династијата Алмохадите, Јакул ал-Мансур ја проектира изградбата на голем град на 400 хектари обграден со заштитен ѕид со пет големи порти. Панорамски разглед со локален водич: Мавзолејот на Мохамед V; кулата на Хасан и Кралската палата (надворешен разглед). Посета на Казба Убаја, минувајќи низ пиратскиот град се открива неверојатна панорама над Рабат, градот Сале и океанот. Во Рабат се наоѓаат сите министерства, парламентот, универзитетот и многу убави споменици. Поаѓање за Казабланка - еден од најромантичните и модерни градови во Мароко и економска престолнина на кралството. Градот е познат по две имиња - Дар ел-Беида и Казабланка. Туристичка програма во Казабланка: Плоштад на Обединетите нации; туристички комплекс „Корниш“; старата Медина; Плоштадот „Мохамед V“; трговската улица; најголемиот парк „Арапска лига“, карактеристичен со своите палми. Турата продолжува со џамијата „Хасан Втори“ (однадвор), втората по големина џамија во светот по таа во Мека. Факултативна посета на џамијата „Хасан Втори“ (влезница се наплаќа на лице место) - ремек-дело на исламската архитектура. Сместување во Казабланка. Вечера и Ноќевање.

Ден 8 -- Маракеш - Софија

Појадок. Поаѓање за Маракеш. Трансфер до аеродромот во Маракеш за чартер лет на “BH AIR” во 18:30 часот

Ден 9 -- Софија

Пристигнување на аеродромот во Софија во 00:50 часот.

СМЕСТУВАЊЕ

 ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ

 

07.04.2020

14.04.2020

21.04.2020

28.04.2020 29.09.2020   06.10.2020 13.10.2020 

Двокреветна соба за комбинирање

€745

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира)

€745

Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира)

€745

Еднокреветна соба

€799

Наведените цени се по лице за соодветното сместување.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски билет Софија - Маракеш - Софија за директен чартер лет на "BH AIR" со вклучени аеродромски такси
Чекиран багаж до 20 кг. и рачен багаж до 7 кг. со димензии 60х40х30 см
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
Сите опишани трансфери на програмата
2 ноќевања со појадок и вечера во хотел "Farah Magrib" 4 * (или сличeн) во Маракеш
1 ноќевање со појадок и вечера во "Riad Salam" 4 * (или сличен) во Уарзазат
1 ноќевање со појадок и вечера во "Palm`s Club Hotel" 4 * (или сличен) во Ерфуд
1 ноќевање со појадок и вечера во хотел "Wassim" 4 * (или сличен) во Фес
1 ноќевање со појадок и вечера во хотел "Oum Palace" 4 * (или сличен) во Казабланка
Туристичка такса - 1,76 евра по турист на ден.
Услуга од лиценцирани локални туристички водичи во Маракеш, Аит Бен-Хадду, Уарзазат, Ерфуд, Ифран, Фес, Рабат и Казабланка
Влезница за дворецот "Бахија" во Маракеш и медресе "Бу Инанија" во Фес
Локален водич за време на програмата во Мароко
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водач - преведувач од Бугарија
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Фолкорна - шоу програма во ресторан "Chez Ali"
Екскурзија до песочните дини на Мерзуга со џипови и камили
Влезница за градините на Мажорел (7 €), влезница за џамијата "Хасан Втори" (12 €), гробницата на Саади (6 €)
Ручеци
Пијалоци за време на оброците
Бакшиш за водичот/ шоферот: 15 евра по турист за целиот престој - се плаќа на лице место
За лица над 65 г. автоматски се додава доплата за осигурителна премија
Такса гориво - информациите за такса за гориво се добиваат до 21 ден пред датумот на заминување (ако има промена во цените на горивото и авиокомпанијата наплати таква);
Влезници за други музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба и градски превоз;
Лични трошоци;
Виза за Мароко

КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА

Можна е промена на распоредот на летови од страна на авиокомпанијата. Сите екскурзии се спроведуваат со локален туристички водич со лиценца и превод на бугарски јазик.
Можно е да се смени редоследот на разгледување на знаменитости од програмата.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно – пасошки режим
За македонски државјани за влез во Мароко потребна е виза. Нашата агенција посредува при поднесување документи за виза. Напомена: Визите се подигнуваат лично од туристите во амбасадата во Софија. Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош со важност од најмалку 6 месеци по планираниот датум на заминување.
Патувањето се спроведува при минимум 30 запишани туристи.

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ДТУ ПЕТ.АЕРО и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Агенцијата го задржува правото 7 дена пред почеток на патувањето да го откаже аранжманот.