ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55
Јордан, Акаба

Јордан, Акаба

5 дена / 4 ноќевања / групно патување

Одмор во Акаба, Јордан

Софија – Акаба – Петра – Акаба – Вади Рум – Акаба – Софија

Вклучена целодневна екскурзија до карпестиот град Петра со влезници

Ден 1 - Софија - Акаба

Поаѓање од аеродромот во Софија (Терминал 2) во 16:35 ч. за Акаба со лет на авиокомпанијата "Ryanair". Пристигнување на аеродромот во Акаба во 19:30 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

Ден 2 - Акаба - Петра - Акаба - 250 km

Појадок. Целодневна екскурзија до Петра - уникатен град, изграден во карпи, центарот на Набатејците кои се населиле тука пред 2000 год. и го претвориле во центар на сите трговски патишта што го поврзуваат Истокот со Западот.. Посета на ризницата "Ал Хазне" и Набатејскиот театар, опкружен со бројни обелисци, судови, храмови и улици со колонади. Над комплексот се наоѓа манастирот “Ад Деир”,до кој може да се стигне по 800 скали. Можност за посета на Археолошкиот и Набатејски музеј. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 3 - Акаба - Вади Рум - Акаба - 80 km

Појадок. Слободно време во Акаба или по желба екскурзија до пустината “Вади Рум” позната како “Долина на месечинта” - пространо место со романтичен дух и совршена убавина. Оваа екскурзија вклучува сафари со џипови во пустината, за време на која се минува низ изворот на Лоренс, Набатејскиот храм, карпестата арка „Бурда", една од најимпресивните карпести формации наречено "Седумте столбови на мудроста", куќата на Лоренс од Арабија. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Ден 4 - Акаба

Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање.

Ден 5 - Акаба - Софија

Појадок. Напуштање на собите (багажот се остава во просторијата за багаж на хотелот). Слободно време за плажа. Трансфер до аеродромот. Поаѓање за Бугарија во 21:05 ч. со лет на авиокомпанијата "Ryanair". Пристигнување на аеродромот во Софија (Терминал 2) по полноќ, во 00:10 ч.

СМЕСТУВАЊЕ

ДАТИ НА ПОАЃАЊЕ

Наведените цени се по лице за соодветното сместување.

22.01.2020

29.01.2020

05.02.2020

12.02.2020

19.02.2020

26.02.2020

04.03.2020

11.03.2020

18.03.2020

Двокреветна соба со разделени легла (не се гарантира)

€559

€589

Двокреветна соба со француски лежај/брачен кревет (не се гарантира)

€559

€589

Еднокреветна соба

€666

€696

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

Aвионски билет Софија - Акаба - Софија на авиокомпанијата "Ryanair" со вклучени аеродромски такси;
Мал рачен багаж со димензии 40/20/25 см.;
Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
4 ноќевања со појадок во хотел "Lacosta Hotel" 4 * (или сличeн) во Акаба;
Целодневна екскурзија до карпестиот град Петра со вклучени влезници;
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување".
Водач од Бугарија.
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

Чекиран багаж до 20 кг;
Полудневна екскурзија до Вади Рум;
Влезници за музеи, локалитети и настани кои се посетуваат по желба ;
Бакшиш за водич и возач (3-5 евра на турист на ден - се плаќа задолжително на лице место);
Градски и локален транспорт;
Трошоци од лична природа;
Виза за Јордан;
За лица над 65 години автоматски се додава доплата за осигурителна премија

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ

Полудневна екскурзија до Вади Рум = $50.00
Чекиран багаж 20 кг. = €80.00

КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈA

Време: Македонија 11 ч.; Бугарија 12 ч.; Јордан 12 ч.;
Девизен курс: 1 BGN = 0,43 JOD
Со цел да се реализираат дополнителните услуги и настани во рамките на програмата, потребно е да се побараат при склучување на договорот за организирано патување, бидејќи нивното спроведување е поврзано со првичните резервации.
Можна е промена на распоредот на летови од страна на авиокомпанијата.
Во багажниот простор во кабината на авионот можат да бидат поставени максимум 90 патни багажни куфери или торби. Ако при чекирањето Ви е надминат дозволениот број на кабински багаж, ќе се стави во багажниот простор бесплатно.
Екскурзијата се спроведува при минимум 20 регистрирани туристи.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Визата се издава на аеродромот при влез во државата!

МЕДИЦИНСКИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСЛОВИ

Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.

Визно пасошки режим

Македонските граѓани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата. Јордан применува визен режим за македонски државјани. Македонските граѓани можат да добијат виза или преку Почесниот конзулат на Јордан во Софија или во некоја Јорданска амбасада во странство. Потребни документи за виза: 1 слика во боја, копија од пасошот, пополнет формулар за виза и платена такса за виза. Документите се доставуваат најмалку 1 месец пред датумот на патување. Виза може да се издаде и на самите гранични премини на Јордан.
Патувањето се спроведува при минимум 20 запишани туристи.

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ДТУ ПЕТ.АЕРО и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Агенцијата го задржува правото 7 дена пред почеток на патувањето да го откаже аранжманот.