5 дена - авионски превоз  

Истанбул е единствен град на светот сместен на два континента - Европски и Азиски. Се наоѓа на бреговите нa Босфор и Мраморното море. Тој е најважниот турски град како културно и економско средиште. Посетете ги Аја Софија, Сината Џамија, Капали Чаршија, палатата Топкапи и Долме Бахче, запловете по Босфор. Пробајте ги специјалитетите на ориентот со типична музика и стомачни танци.


Цена: од 99 еур


1 Ден ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во Скопје. Лет за Истанбул со Pegasus Airlines. Пристигнување во Истанбул и сместување во избраниот хотел. Слободно време. Ноќевање.
2 Ден ИСТАНБУЛ
Појадок. Организирана факултативна екскурзија за посета на Долмабахче Сарајот (прекрасната султанска палата) со локален лиценциран водич, крстарење по Босфор, слободно попладне на Таксим за прошетка и многу други слободни активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 Ден ИСТАНБУЛ
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: Посета со лиценциран локален водич на Аја Софија, Сината Џамија, Топ Капи палатата, Хиподромот..... Вечерта слободно време за посета на ресторани, кафулиња, дискотеки и др. Ноќевање.
4 Ден ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободен ден за индивидуални разгледи. Факултативна вечера во Национален ресторан со организирана програма: познатиот турски стомачен танц.
5 Ден ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободно претпладне. Трансфер до аеродром. Лет за Скопје во попладневните часови.


Цената вклучува:
Авионски превоз на релација скопје-Истанбул-Скопје
Сместување во хотел со 3* на база ноќевање со појадок

Цената не вклучува:
Аеродромски такси 55 еур
Патничко осигурување
Факултативни програми и влезници

НАПОМЕНА:
Организиран трансфер од аеродром до хотел и обратно (минимум 6 патника)
Цените се дадени во зависност од расположивите места во авион за бараниот период.
Цените се изразени во евра но плаќањето се врши во денарска противредност 1 еур = 62 мкд.
Програмата е индивидуална, цената е дадена по лице во двокреветна соба.

Цена на факултативни излети:
Долмабахче сарај + крстарење по Босфор – 35 еур
Сина Џамија, Аја Софија, Топкапи палатата (влезници) - 35 еур
Важат општите услови за патување на Т.А ПЕТ и СКТМ.