 |
Дочек на Нова година
30.12 – 03.01.2012
|
Братислава е главен град на Словачка и е најголем град во републиката. Се наоѓа во југозападниот дел од државата на двата брега на реката Дунав. Поради неговата местоположба и блискоста со австриската и унгарската граница, тој е единствениот град во светот кој граничи со две независни држави. Братислава и Виена се едни од најблиските главни градови во Европа оддалечени помалку од 60 километри.
|
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА: 11.700 денари
|
|
ПРОГРАМА
30.12.2011 СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 17.30 часот. Тргнување за Виена во 18.00. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
31.12.2011 ВИЕНА
Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Во вечерните часови дочек на Нова Година на Виенските плоштади или вечера во национален ресторан. Ноќевање.
01.01.2012 ВИЕНА – ШЕНБРУН
Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilferstrasse. Mожност за посета на познатиот забавен парк "Пратер", во вечерните часови. Ноќевање.
02.01.2012 ВИЕНА – БРАТИСЛАВА
Појадок. Можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со кафе и захер торта. Тргнување за Братислава во попладневните часови. Панорамски разглед на градот, мостовите на Дунав, средновековниот главен плоштад, готската катедралата Св. Мартин, старата градска куќа, Словачката Национална Галерија, Словачкиот Национален Музеј... Во вечерните часови, патувањето продожува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
• Автобуски превоз на наведената релација со туристички автобус
• Сместување во хотел *** во Виена на база 2 Н/П,
• Разглед на Виена и Братислава со водич
• Пратител на групата
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
• Патничко осигурување 250 денари
• Факултативна посета на Шенбрун со влезница 25€
• Влезници за локалитети
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
|
|