|

|
|
НОВА ГОДИНА 2012
ШПАНИЈА -МАДРИД
ЧЕШКА - ПРАГА
Мадрид - е една од најпознатите светски метрополи. Тој е центар на култура, мода, филм, архитектура, економија... сведок на бројни историски настани и легенди. Мадрид ќе ве плени со автентичните градби, гостопримливиот народ, традицио-налниот мирис и вкус на шпанската кујна ...
|
Цената на аранжманот изнесува : МКД 35.900,00 (мин 15 патници)
Програма:
Ден 1 29 Декември 2011 Скопје- Мадрид
Собир на патниците на скопскиот аеродром во 02:00 и полетување кон Прага во 04:20. Лет кон Мадрид во 11:05. Пристигнување во Мадрид во 14:00 и трансфер до хотел. Сместување во хотел, ноќевање.
Ден 2 30 Декември 2011 Мадрид - Панорамски разглед
Овој ден ќе го посветиме на панорамски разглед на градот за да се запознаеме со класичните и модерните кварт ови на градот. Ќе ги видиме плоштадите: Ориенте (Ориенте), Еспања (Еспана), Мајор(Маѕор), Пуерта дел Сол (Пуерта дел Сол), Аточа ( Атоцха ), Нептуно (Нептуно)... Ретиро и Оесте парковите . Ќе се запознаеме со квартови со големо историско значење: Аустриас, Борбоунс и Саламанка. Ке поминеме по прочуените авении Гран Виа и Кастелана. Ке го видиме фудбалскиот стадион Сантијаго Бернабеу (Сантиаго Бернабеу)- еден од најголемите во Европа, универзитетскиот кампус,арената за борба со бикови(тхе Буллринг)... Трансфер до хотел. Ноќевање.
Ден 3 31 Декември 2011 Толедо - факултативна посета
Овој ден е планиран за полудневна екскурзија на Толедо- Музејскиот град. Денес е под закрила на УНЕСКО, а некогаш бил главен, духовен и интелектуален центар на Шпанија. Тука, во еден од најстарите европски градови (центар на три религии) ќе уживаме во прошетка покрај познатите споменици: Катедралата, црквата св. Тома (живеалиштето на Ел Греко, гробот на Грофот Оргаз) и синагогата Санта Марија ла Бланка. Посебно внимание заслужува познатата рачна изработка- Дамасквинадо (Дамасљуинадо). Враќање во хотел. Ноќевање.
ДОЧЕК НА НОВАТА 2012 ГОДИНА НА МАДРИДСКИОТ ПЛОШТАД СО ТРАДИЦИОНАЛНО ЈАДЕЊЕ НА ГРОЗЈЕ
(12 зрна означуваат 12 месеци во наредната година, со отчукување на 12 секунди до доаѓање на Новата година)
Ден 4 01 Јануари 2012 Мадрид - слободен ден
Слободно време за одмор и релаксација и индивидуално истражување на Мадрид.
Ден 5 02 Јануари 2012 Ескоријал - факултативна посета
По појадокот, ќе имаме можност да го посетиме Ел Ескориал, неофицијалното осмо светско чудо. Ел Ескоријал бил осмислен од страна на Филип втори, како манастир и кралски пантеон, а подоцна станува симбол на величенственоста на Шпанската империја во 16ти век. Ќе ја видиме Базиликата, Хабсбурговска палата, кралскиот мавзолеј и Чаптер хаусес (Chapter houses). Враќање во хотел. Ноќевање.
Ден 6 03 Јануари 2012 Мадрид -Прага - Скопје
Лет за Прага во 07:55 и пристигнување во 10:10 часот. Овој ден е посветен за запознавање со главниот град на Чешка. Ќе започнеме со разглед на градот. Ќе ги видиме: Карловиот мост, Еврејскиот кварт, Париската улица,Страроместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Градската куќа, Тунската црква, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло Четврти, Катедралата св. Вито, Вацлавскиот плоштад. Горниот град: Дворецот Храдчани, Златната улица..Останатото време ќе го искористиме за слободно истражување на прекрасната Прага. Полетување од Прашкиот аеродром во 21:50 часот. Пристигнување во Скопје во 23:45 часот.
Во цената се вклучени следните услуги :
• Авионски превоз Скопје - Мадрид- Скопје
• Трансфери аеродром - хотел - аеродром
• Сместување во хотел со 4**** четири звезди на база на ноќевање - појадок www.rafaelhoteles.com - Hotel Atocha -Madrid
• Превоз со модерен туристички автобус и посета на сите места според програмата
• Локален водич на Англиски јазик според програмата
• Компасов преставник за време на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги :
• Патничко осигурување за времетраење на програмата
• Аеродромски такси 120 ЕУР
• Факултативни посети - Толедо и Ескоријал
|