Дочек на Нова година
30.12 – 03.01.2012

Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх - црквата на Исус Христос.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 
Поаѓање од Скопје:
Цена: 523 € (по лице во двокреветна соба) + АПТ ТАХ 162 еур

Поаѓање од Белград:
Цена: 495 € (по лице во двокреветна соба) + АПТ ТАХ 90 еур

Доплата за еднокреветна € 90

Цена за трето лице или за деца 2-12 години со две возрасни лица (екстра кревет) 465 €

Прв ден 30.12.Скопје / Белград – Москва
Поаѓање од Скопје за Белград со лет на ЈАТ во 06:00ч.( минимум еден час пред полетување чекирање на аеродром Александар Велики- Скопје ). Се приклучуваме на групата од Белград на аеродром. Состанок на групата два часа пред полетување на авионот на аеродромот "Никола Тесла". ЈАТ лет во Москва во 13:15 часот (лет JU 132). Пристигнување на Московскиот аеродром во 19:05 часот. Трансфер до хотелот. Хотелско сместување. Вечерта, во придружба на водич, турнеја на Москва со метро (факултативно), посета на некои од најубавите метро станици, како и музеи (мозаици, скулптури). Ноќевање.
Втор ден 31.12. Москва
Појадок. Турнеја низ градот со автобус: центарот на градот, Московскиот Универзитет, Паркот на Победата, Црвениот плоштад, Кремљ, црквата Василиј Блажени, Бољшој театарот, храмот на Исус Христос Спасителот, манастирот Мејден, видиковецот на планината Врапчево Брдо и др...Посета на Црвениот плоштад (со водич, со метро), каде што традиционално со прекрасен огномет се дочекува Новата Година. Ноќевање.
Трет ден 01.01. Москва
Појадок. Во утринските часови слободно време за одмор. Факултативна програма: Сергеевиот посед (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), една од најстарите и најголемите руски манастирски комплекс , поранешна резиденција на рускиот патријарх. Ноќевање
4 ден 02.01. Москва
Појадок. Факултативна екскурзија: посета на Кремљ, соборната црква Св.Успение, Св.Архангел, Св.Благовестие, Палатата на патријархот, Оружената палата - ризница на царска Русија , Државниот конгресен центар, Дворецот на државната администрација, посета на музејот на уметноста на Пушкин, Третјаковската галерија или Бородинска Битка, најбогатиот музеј со дела на руски уметници. Ноќевање.
5 ден 03.01. Москва – Белград / Скопје
Појадок. Утрото слободни активности. Трансфер до аеродромот. Лет во Белград во 20.00 часот (лет LH 133). Пристигнување во Белград во 20:00 ч. Групата од Скопје продолжува со лет на ЈАТ во 21:30 ч. за Скопје. Пристигнување во Скопје во 22:40 ч.

Во цената е вклучено:
• Авионски превоз Скопје- Белград - Москва-Белград - Скопје;
• сместување во Москва во Хотелот Космос 4 *, во стандардна двокреветна соба со појадок
• трансфери на програмата;
• туристичка програма: Панорамско разгледување на Москва;
• Услугите на водичот и стручни локални водичи; трошоци за организирање на програмата.

Цената не вклучува:
• аеродромски такси во зависност од поаѓањето Скопје или Белград, кои подлежат на промени);
• Факултативни програми;
• индивидуални трошоци.

Опис на хотелот
Хотел Космос 4 * http://www.hotelcosmos.ru/eng/

Овој хотелски комплекс се наоѓа во една од главните улици на градот, на Проспект Мира, 35 км од аеродромот, преку патот од најголемиот изложбен центар, порано позната како VDNH. Во содржината на хотелот влегуваат: ресторани, фитнес центар, базен, сауна, солариум, куглана, билијард, казино. Хотелот располага со 1777 соби кои се опремени со ТВ (сателитски канали), телефон и интернет.
Во концертната сала на хотелот, се одржуваат фолк концерти.
Појадокот е на база на шведска маса.
Забелешки:
Во случај на промени на девизниот курс, агенцијата го задржува правото на промена на цените.

Факултативна програма:
• Кремљ (територијата на катедралата и 2 соборни цркви),вооружената Палата 55 евра
 • Тратјаковата галерија 20 евра
 • Сергиевиот посед (поранешен Загорск) 35 евра
 • посета на Москва со метро 10 евра
 Во сите цени вклучени се: водичот, автобуски билети, картите за влез.

Резервацијата и цените на факултативните програми е загарантирана, без оглед на бројот на пријавени патници.
За бројот на регистрирани патници под 10, програмата ќе се реализира со јавниот превоз, метро.