 |
Дочек на Нова година
29.12 – 03.01.2012
6 дена / 3 ноќевања
|
Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Првата катердра по македонски јазик надвор од границите на поранешна Југославија е отворена на Јагелонскиот универзитет во Краков.
|
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 185€ или 11.450мкд
|
|
1.ден-29.12.2011
Состанок со групата во договореното место и време. Поаѓање за Краков, ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.
2.ден-30.12.2011 КРАКОВ
Пристигнување во Краков во утринските часови. Посета на остатоците на градските ѕидини, тврдината Barbakan, Florianska улица, центарот на градските настани, црквата на Св.Марија со готичкиот олтар од жртвеникот Вито Штовса- најголемиот олтар во Европа, покриената чаршија, Парламентот, Колегиумот Mauis - главната зграда на Универзитетот Jagiel. Сместување во хотел. Слободно послепладне за индивидуални прошетки и ...Ноќевање.
3.ден 31.12.2011 КРАКОВ
Појадок. После појадокот можност за факултативна посета на Аушвиц – најголемиот концентрационен логор од II Светска војна ( разгледување на спомен музејот кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО), слободно време за прошетка и индивидуални активности пред Новогодишната ноќ. Дочек на Новата Година на плоштадите на Краков или можност за дочек во некој од пабовите. Ноќевање.
4.ден-01. 01.2011 КРАКОВ
Појадок. После појадокот слободен ден за индивидуални активности...прошетки и шопинг. Ноќевање.
5.ден-02.01.2011 КРАКОВ
Појадок. После појадокот заминување кон местото Wieliczka - Вјеличка (факултативно ), познатo по Кралскиот рудник за сол кој датира од 1124 год., кој денес во поголем дел е музеј. Секоја сала во рудникот е посветена на познати личности, преданија или настан во историјата на Полска ( скулптури од сол). Ќе ја видиме и единствената катедрала Св.Кинге (најголема подземна катедрала во светот), сала за танцување, соленото подземно езеро и многу повеќе. Околу 15 часот поаѓање за Скопје.
6.ден-03.01.2011
Пристигнување во Maкедонија во претпладневните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
➢ Превоз со високотуристички автобуси
➢ Сместување во хотел 3* на база на 3 НП (нокевање/појадок)
➢ Разглед на Краков со локален водич
➢ Професионален туристички придружник
➢ Организација и реализација на програмата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
➢ Влезница за рудникот на сол со посета на подземната катедрала – 25 еур
➢ Посета на Аушвиц – 15 еур
➢ Останати влезници според програмата
➢ Патничко осигурување – 5€
И се што не е наведено во програмата
|
|