Истанбул - новогодишни аранжмани


ГРАД КОЈ ГИ ПОВРЗУВА КОНТИНЕНТИТЕ
Истанбул е единствен град на светот сместен на два континента - Европски и Азиски. Се наоѓа на бреговите нa Босфор и Мраморното море. Тој е најважниот турски град како културно и економско средиште. Посетете ги Аја Софија, Сината Џамија, Капали Чаршија, палатата Топкапи и Долме Бахче, запловете по Босфор. Пробајте ги специјалитетите на ориентот со типична музика и стомачни танци.

ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА ВО ИСТАБУЛ

(со автобус - 3 ноќевања)

ПРОГРАМА:
1 ден: Скопје – Истанбул / 29.12.2011
Состанок на групата на паркингот наспроти хотелот Холидеј Инн во 16.30 часот. Поаѓање за Турција во 17.00 ч. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2 ден: Истанбул / 30.01.2011
Пристигнување во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Сината Џамија, Ак Сарај, Римскиот Aквадукт, Таксим, Бајазитовата Xамија, Универзитетот, Хиподромот. Факултативно посета на Аја Софија. Сместување во хотел. Можност за посета на Капали Чаршија. Ноќевање.

3ден: Истанбул – Отоманските Палати / 31.12.2011
Појадок. Факултативна посета на палатите Топ Капи и Долма Бахче Сарај –резиденција на Отоманскиот Султан. Вечерта можност за
факултативна новогодишна вечера во национален ресторан со уметничка програма.Ноќевање.

4 ден: Истанбул – Босфор / 01.01.2012
Појадок. Факултативно крстарењесо брод по Босфор. Единствена можност за панорамски разглед на палатите од двете страни, пловење под мостовите кои ги поврзуваат - Европа и Азија. Можност за пауза на Азискиот брег (посета на куќата на Г-дин. Али Риза ). Слободно попладне.Ноќевање.

5 ден: Истанбул – Скопје / 02.01.2012
Појадок. Напуштање на собите. Можност за посета на еден од многуте трговски центри во Истанбул. Попладне, заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

Цена на аранжманот: 8.370 мкд

Цената на аранжманот вклучува:
 • Превоз со туристички автобус до наведената релација
• Сместување во Истанбул во хотел BERGAMA HOTEL *** на база 3 ноќевања со појадок
• Организиран панорамски разглед на Истанбул
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената на аранжманот не вклучува:
• Крстарење по Босфор ( 15€)
• Факултативна новогодишна вечера во национален ресторан (35 €)
• Посета на Долма Бахче Сарај и Топ Капи (вклучени влезници и водич) (35 €)
• Посета на Аиа Софиа 10€
• Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
• Патничко осигурување 185 мкд
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
 

ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ 

(со авион - 3 ноќевања)

ПРОГРАМА:
 1 ДЕН 29.12 СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
: Состанок на групата на аеродоромот Александар Велики. Лет за Истанбул во 05.00. лет бр. PC 1892. По слетувањето во Истанбул во 07:25 часот и поминување на пасошката и царинската процедура следи посета на Џамлиџе ридот од каде се протега најспектакуларен поглед на Европскиот дел на Истанбул и мостовите. Утринско опуштање кафе и појадок. Разбудени и освежени продолжуваме со панорамско разгледување на градот со автобус од плоштадот Таксим ќе се спуштиме по улицата на амбасадите, Бешикташ стадионот, покрај преубавата Долмабахче палата, Посета на Египетскиот пазар. Следи сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и прошетка по живописната Капали чаршија. Ноќевање.

2 ДЕН 30.12 ИСТАНБУЛ: Појадок. Организирана факултативна екскурзија за посета на Султанахмет плоштадот со посета на Света Софија, Топ Капи палатата, Сината џамија, Хиподромот со локален водич. Попладне опционална посета на модерниот дел на Истанбул Таксим плоштадот со пешачката улица Истиклал и посета на шопинг центар. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН 31.12 ИСТАНБУЛ: Појадок. Организирана факултативна екскурзија за посета на најубавата султанска палата - Долмабахче со локален водич, потоа следи посета на уметничкиот кварт Ортакеј. Враќање во хотелот слободно време за одмор. Вечерта факултативно Дочек на Новата година во Music Hall Gar.

4 ДЕН 01.01 ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. Одјавување од хотелот, можност за факултативно крстарење со брод по Босфорот со посета на Џамлика ридот на Азиската страна од каде се простира преубав поглед на Истанбул и мостовите. Трансфер до аеродором. Лет за Скопје во 23:45 слетување во Скопје во 00:15 часот. Лет бр PC 1891

Цена на аранжманот од 149 еур

Цената вклучува:
Авионски превоз со Пегасус аирлајнс на релација Скопје – Истанбул – Скопје (чартер лет) ,
Сместување во избран хотел на база 3 ноќевања со појадок
Трансфери од аеродромот до хотелот и обратно.
Разглед на градот со локален водич.
Цената не вклучува:
Аеродромски такси 65 еур
Патничко осигурување 200 мкд,
факултативни програми и влезници.
Напомена:
За ова патување важат општите услови на патување на Т.А ПЕТ и СКТМ,
Минимум за реализација на програмата 20 особи,
Плаќањето е во денарска противвредност.
Излетите можат да претрпат промени во времето на поаѓање во зависност од условите, но не и промена во содржината на излетите.

ПОНУДА ЗА ХОТЕЛИ:

Хотел локација Цена по особа во 1/2 Цена по особа во 1/1 Цена за Деца
2-12 год
Hotel Saat  3*
www.hotelsaat.com
Аксарај 149 eur 198 eur 119 eur
Hotel Ikbal De Luxe 4*
www.ikbaldeluxehotelistanbul.com
Лалели 179 еур 199 еур 129 еур
Hotel Santa Pera  3*
www.hotelsantapera.com
Таксим 199 еур 288 еур 149 еур
Hotel Star 4*
www.hotelstaristanbul.com
Таксим 239 еур 358 еур 179 еур
Hotel Grand Oztanik 4* sup
www.grandoztanik.com
Таксим 279 еур 418 еур 199 еур
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА !!!
Bostanci Prenses 4* 
www.hbp.com.tr
Во азискиот дел 249еур 328 еур 199 еур
Напомена: во хотелите има лимитиран број на соби, во случај да се пополнат ќе биде понудено сместување во идентична категорија по исти цени.

ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
- Музејска тура – Света Софија, Топ Капи палатата, Сина џаамија (цена 20 еур + 10 еур Св Софија + 10 еур Топ капи палатата)
- Посета на Таксим и Шопинг центар (10 еур)
- Долмабахче палатата и Уметничкиот кварт ОРТАКЕЈ (15 еур + 10 еур влезница за палатата)
- Крстарење со брод по Босфор (15 еур)
- Гала новогодишна вечера со програма во ресторан “Gar” (65 еур)