Будимпешта - новогодишен аранжман

Со автобус - 2 ноќевања
30.12.2011 – 03.01.2012

Престолнината на Унгарија и град со 2 милиони жители. На левата страна лежи стариот достоинствен Будим, а на десната модерната Пешта. Град на културата што ве остава без здив. Големиот број згради ја пишуваат историјата... мостови, катедрали... за еден незаборавен престој во Будимпешта. Шопингот е исто така една од омилените дисциплини на голем број туристи кој доаѓаат ширум светот.


Цена: 7.130,00 мкд

Програма на новогодишниот аранжман:
1 ден
: 30.12.2011 / Скопје – Будимпешта Се собираме на договореното место во договореното време. На пат сме кон Будимпешта. Возење во текот на ноќта со попатни паузи за освежување и регулирање на граничните и царинските формалности.
2 ден: 31.12.2011 / Будимпешта Во Будимпешта пристигнуваме во утринските часови. Следува панорамски разглед на градот со стручен водич ( плоштадот на Хероите , булевар Андраши со плоштад Октогон, Балетски институт, Опера, Плоштад Рузвелтов, улица Ракоци, улица Ваци... Сместување во хотел, слободно попладне и припрема за Новогодишната ноќ. Предлог: Новогодишна вечера на брод со свечена музика или дочек на Новата год. на некој од плоштадите.СРЕЌНА НОВА ГОДИНА !!! Ноќевање.
3 ден: 01.01.2012 / Будимпешта
Појадок. По појадокот посета на Будим ( Цитаделата, Краската палата, рибарската кула, Црквата на кралот Матејас....Слободно попладне. Факултативна посета на Чардаш, традиционален ресторан...
Ноќевање.
4 ден: 02.01.2012 / Будимпешта
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и слободно време за индивидуални активности до поаѓањето за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови наредниот ден. Ноќевање.

Цена на аранжманот вклучува
• автобуски превоз на наведенита релација
• две ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
• разглед на Будимпешта
• услуги на стручен локален водич
• трошоци за организација на патувањето

Цени за факултативи:
• Крстарење со брод со свечена вечера
• ( шведска маса, пијалок, музика, програма од 22.00-02.00 ч.Цена: 65 еур. )
• Посета на традиционален ресторан Чарда. Цена: 25 еур
• Патничко осигурување 120 денари
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. ПЕТ