| летувања |
зимувања |
конгреси |
саеми |
друго |
| . |
11 Октомври,МОСКВА – СТ.ПЕТЕРСБУРГ04.10 - 11.10.2008
|
1 ден: 04.10.2008
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 04:30 ч. на шалтерот на ЈАТ. Полетување за Москва преку Белград. Пристигнување во попладневните часови, трансфер до хотел и сместување. Слободно време кое може да се искористи за ноќен разглед на Москва. Ноќевање во хотел.
2 ден: 05.10.2008
Појадок. Панорамско разгледување на градот кое ќе трае од 10-14 часот каде ќе имате можност со локалниот водич да ги видите Центарот, Московскиот Универзитет (Ломоносов), Паркот на Победата, храмот на Исус Спасителот, споменикот на Петар Велики. Краток одмор за ручек или кафе. Oколу 15 часот, следи посета на Третјаковската галерија, која што претставува музеј на ликовни уметности, главно од руски автори. Враќање во хотелот. Слободна вечер и можност да се прошетате низ Москва. Ноќевање во хотел.
3 ден: 06.10.2008
Појадок. По појадокот се упатуваме кон најблиската метро станица и следи метро турата која е вистинска атракција поради стилот во кој се уредени метро станиците, секоја за себе претставува уметничко дело. Потоа следи посета на Кремљ и Оружената палата, кои претставуваат комплекс во самиот центар на Москва, и се ограничени со московската река и Црвениот Плоштад. Потоа следи прошетка по Црвениот Плоштад каде ќе имате можност да се воодушевувате на величествената црква Василије Блажени и Лениновиот Мавзолеј. Ноќевање во хотел.
4 ден: 07.10.2008
Појадок. Целодневен излет до Сергеевиот Имот (Загорск), еден од најстарите и најпознатите руски манастири, за многумина духовен центар на Русија. Вечерта, можност за крстарење со брод кое трае околу час и половина и почнува од објектот Бородинска битка и продолжува до Црвениот Плоштад. Тргнување кон железничката станица и поаѓање со вечерниот воз, Москва-Ст. Петерсбург, Класа 2. Ноќевање во воз.
5 ден: 08.10.2008
Пристигнување во Ст. Петерсбург. Освежување и појадок во ресторанот на хотелот. Следи полудневна панорамска тура низ градот со автобус. На овој разглед ќе ги видите Василевското царство, Универзитетскиот брег, Бронзениот коњаник, Исакијевскиот плоштад со Исакијевската црква, Летниот дворец, „Аурора“ која претставува споменик на руската флота, Смолскиот собир, Невскиот проспект, Црквата Свети Спас на крвта, куќата на Петар I кое претставува прво Петроградско здание. По разгледот следи факултативна екскурзија: посета на тврдината Св. Петар и Павле. Ќе ја посетите катедралата, Бродската куќа и затворот. Можност за ручек во некој од градските ресторани. Трансфер до хотелот и сместување. Слободна вечер за ноќна прошетка по брегот на Нева. Ноќевање во хотел.
6 ден: 09.10.2008
Појадок. Индивидуална прошетка низ центарот на Ст.Петерсбург по Дворскиот плоштад. Потоа следи полудневна факултативна тура во Ермитаж, вториот по големина музеј по број на артефакти кој со 2,7 милиони примероци ќе ви го одземе здивот. Можност за ручек во некои од градските ресторани. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање во хотел.
7 ден: 10.10.2008
Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна екскурзија до Пушкинското село и Петровиот дворец. Пушкинско село: 30 km од Ст. Петерсбург, и лесно достапен со првиот железнички пат, воопшто изграден во Русија, Пушкинското или како уште го нарекуваат Царското село е едно од летните престојувалишта на царското семејство. Неговиот прекрасен парк зафаќа површина од 34 км2 "Рускиот Версај" – Peterhof е неверојатно луксузна кралска градба. Наоѓајќи се на заливот кон Финска (на Балтичкото Море), тој е комбинација од неколку палати и паркови. Слободно време до вечерниот воз за Москва. Ноќевање во воз.
8 ден: 11.10.2008
Пристигнување во Москва во утринските часови. Можност за појадок во локалните ресторани. Факултативна посета на Бородинска Битка. Лет за Скопје, преку Белград во 18:00ч. Пристигнување во Скопје во 22:30ч. |
Цена на турата: 53.766 денари (870 €) |
Во цената се вклучени следните услуги:
1. Авионски превоз Скопје – Москва – Скопје.
2. 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Москвa (Х.Космос)
3. 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Ст. Петерсбург (Х.Азимут)
4. Панорамски разглед на Москва и Ст.Петерсбург
5. Целодневен излет до Сергеевиот Пасат(имот) со локален водич.
6. Превоз со воз Москва-Ст.Петерсбург-Москва
II класа
6. Патничко осигурување и Руска влезна виза.
7. Oрганизација и техничко водство на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги:
1. Факултативни екскурзии.
2. Aеродромски такси 155 евра (9.580 ден.) -цената на таксите е варијабилна и подлежи на промени до денот на полетувањето.
|
НАПОМЕНА:
Цената на аранжманот е работена на минимум 20 пријавени патници. Доколку има помалку патници, организаторот го задржува правото да ја зголеми цената или да го откаже аранжманот најмалку 7 дена пред поаѓање.
За реализацијата на факултативните екскурзии потребни се минимум 10 пријавени патници.
Времето за одржување на факултативните екскурзии се ориентациони и може да подлежат на промени.
Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на цена на авиопревозот и промена на девизниот курс.
За руска виза потребно е копија од валиден македонски пасош најмалку 6 месеци од крајниот датум на патувањето. За граѓани кои немаат македонски патни исправи, потребно е индивидуално да се информираат во руското конзуларно претставништво.
За сите понатамошни информации обратете се во нашата агенција.
HOTEL COSMOS ****+ www.hotelcosmos.ru
Хотелот е лоциран во центарот на Москва, во непосредна близина на изложбениот простор ВДНХ и музејот на Космонаутиката. ВНДХ е воедно и најблиска метро станица. Хотелот во својот состав нуди двокреветни соби кои содржат САТ/ТВ, телефон, мини бар, интернет конекција...Во склоп на хотелот има неколку ресторани, казино, козметички салони, базен, аптека, продавници за сувенири...Хотелот е еден од најголемите во Москва.
HOTEL AZIMUT ***+ http://www.st-petersburg.net/hotels/sovietskaya.htm
Хотелот е сместен во самиот центар на градот, овозможувајќи им на гостите достапност до сите историски споменици на овој град. Од 18 кат на хотелот, можете да уживате во неверојатната панорама која ја нуди овој неверојатен хотел. Капацитетот на хотелот изнесува 910 хотелски соби од три категории, стандард, комфорт и бизнис. Сите соби се опремени со САТ/ТВ, телефон, мини бар, интернет конекција...Хотелот располага со неколку национални и интернационални ресторани, како и со ноќен клуб.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност. Во случај на драстична промена на курсот, туристичката агенција ПЕТ го задржува правото на корекција на цената.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
30% oд аранжманот се уплаќа при резервација, во готовина или со кредитна картичка. Остатокот мора да се уплати најдоцна 7 дена пред почетокот на патувањето. Можност за плаќање со кредитни картички Visa, Master и Diners ( до 6 рати). За плаќање на целата сума во готово следува 3 % попуст.
|
НАПОМЕНА : Аранжманот е правен за минимум 20 патници. Доколку бројот на пријавени е помал , организаторот го задржува правото на промена на цената или откажување на аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на поаѓање.
|
| ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А. ПЕТ И АТАМ. |
|

|
| Во оваа добропозната и егзотична земја, може да се гледа изгрејсонцето над Сахара, да се ужива во добрата гурманска храна на крајбрежјето и да се заврши вечерта со ноќно капење во базенот на модерниот и удобен хотел. повеќе > |
| |
 |
| Боровец е најстарото планинско одморалиште каде што скијачите можат да ги искусат вештините на “белиот спорт” во зима. повеќе > |
| |
 |
| Има 24 ски лифтови и гондоли, со 70 км скијачка патека за сите категории. Копаоник располага со многу кафулиња, барови и ноќни клубови. Тоа е најголемата планина во Србија, повеќе од 100 км долга. повеќе > |
| |
|