ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55
Крстарење по западен Медитеран, Барселона

Крстарење по западен Медитеран, Барселона

MSC Opera cruise ship 

MSC Opera - како што кажува и неговото име, класичен, голем, раскошен, величествен и простран и во надворешноста и во внатрешноста кој ќе ви овозможи незаборавно крстарење.

Термин: 14.04.-21.04.2020

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден. 14.04.2020 / Скопје - Барселона

Лет со авиокомпанија WizzAir од Скопје до Барселона (W67737) во 06:35 часот. Пристигнување во Барселона во 09:25 часот. По царинските и пасошките формалности следува трансфер од аеродром до хотел (SM Hotel Teatre Auditori Barcelona 3***). Слободен ден за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден. 15.04.2020 / Барселона - Крстарење

Појадок. По појадокот време за слободни активности се до организираниот трансфер од хотел до пристаниште. Поаѓање на бродот од Барселона во 18:00 часот.

3 - 5 ден. 16.04.-18.04.2020 / Крстарење - Марсеј - Џенова - Барселона / (All In: Easy Drink Package + Wifi)

Ден Пристаниште Пристигнување Заминување
1 Барселона, Шпанија 18:00
2 Марсеј, Франција 09:00 18:00
3 Џенова, Италија 09:00 17:00
4 Барселона, Шпанија 13:00

6 - 7 ден. 19.04.-20.04.2020 / Барселона

Слободни денови за уживање во прекрасната убавица на Шпанија, Барселона. 
Ви предлагаме да ја посетите: Готската катедрала Саграда Фамилија, Шетајте низ Ла Рамбла, Casa Mila и Casa Battlo дела на Гауди, уживајте на плажата Барселонета која во 2005 година е прогласена за трета најдобра плажа на светот, не пропуштајте да се искачите до Парк Гуел, Музејот на Пикасо, јадете тапас некаде во центарот на градот, уживајте пешачејќи низ осветлените делови и задолжителна прошетка по улицата La Rambla, магичните фонтани навечер, музеот на ФК Барселона и стадионот „Камп Ноу“...

8 ден. 21.04.2020 / Барселона - Скопје

Појадок, трансфер од хотел до аеродром. Лет за Скопје со авиокомпанија WizzAir (W67738) во 10:00 часот, пристигнување во Скопје во 12:45.
Крај на програмата.

Цена по лице: 859 евра

 

АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Авионска карта Скопје - Барселона - Скопје
- Чекиран багаж од 10 кг. и кабински багаж до 7 кг.
- Трансфер аеродром - хотел - аеродром 
- Четири ноќевања со вклучен појадок во SM Hotel Teatre Auditori Barcelona 3***
- Трансфер хотел - пристаниште - хотел
- 3 ноќи/4 дена крстарење Барселона - Марсеј - Џенова - Барселона на All inc база со вклучени пијалоци / внатрешна кабина

АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Пристанишни такси
- Патничко осигурување
- Факултатитвни екскурзии

 

Напомена: 

Организатор на аранжманот е ТА Пет.Аеро;
Резервација се прави со уплата од 50%;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
Организаторот на патувањето не е одговорен за редоследот на седишта во авион. 

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ДТУ ПЕТ.АЕРО и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Агенцијата го задржува правото 7 дена пред почеток на патувањето да го откаже аранжманот.