ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55

Шри Ланка

Шри Ланка

Шри Ланка е земја лоцирана во близина на јужниот брег на Индискиот потконтинент. Овој јужно-азиски остров до 1972 година бил познат како Цејлон. Шри Ланка е опкружена со Индискиот Океан и заливите Mannar i Palk Strait, а се наоѓа во близина на Индија и на Малдивите. Шри Ланка е република и унитарна држава управувана со полу-претседателски состав на влада со седиштето во Шри Џајаварденпура - Коти, главниот град. Како резултат на својата идеална положба (на пат на главните морски патишта), Шри Ланка е стратешки поморска врска меѓу Западна и Југоисточна Азија. Цејлон бил центар на будистичката религијата и културата во античко време и е еден од неколкуте преостанати пребивалишта на будизмот во Јужна Азија, заедно со Ладакх, Бутан и Читагонг во Бангладеш. Заедницата Синхалези сочинува поголем дел од населението, додека Тамилците, кои се сконцентрирани на север и на исток од островот, сочинуваат најголемо етничко малцинство. Останатите заедници ги вклучуваат Маури, Пургери, Кафири, Малајци и староседелците од Веда заедницата. Земјата е позната по извозот на чај, кафе, кокос, гума и цимет. Природните убавини на Шри Ланка и го дале епитетот на оваа земја - бисер на Индискиот океан. Островот изобилува со бујна тропска шума, бели плажи и различни пејзажи со богата биолошка разновидност. Земјата е горда со својата долга и шаренолика историја од пред повеќе од 3.000 години и се смета за една од најдолгите документирани истории во светот.

Одмор на Шри Ланка - хотел "Citrus Hikkaduwa" ***

Скопје - Доха - Коломбо - Доха -Скопје

Топ цена: 1016 EUR

9 дена
Одмор со авион
  
Хотел "Citrus Hikkaduwa" ***, Хиккадува
Хотелот се наоѓа на самата плажа, на 100 км од  главниот град Коломбо и на 140 км од меѓународниот аеродром.
Во хотелот: отворен базен, бесплатен Wi-Fi во заедничките простории, перална и хемиско чистење, автомобили и велосипеди за изнајмување, менувачница, сеф, ресторан и отворен бар. Во собите: клима уред, сателитска телевизија, бања.
 
Ден 1 / Поаѓање во 12:45 ч. од аеродромот во Скопје за Доха со лет на авиокомпанија "Qatar Airlines". Пристигнување на аеродромот во Доха во 18.40ч. Поаѓање за Коломбо во 22:30 ч. со лет на авиокомпанија "Qatar Airlines".

 Ден 2 / Пристигнување на аеродромот во Коломбо во 05:55 ч.Трансфер до хотел "Citrus Hikkaduwa ***". Сместување. Вечера. Ноќевање.

Ден 3 / Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.

 Ден 4 / Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.

 Ден 5 / Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.

 Ден 6 / Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.

 Ден 7 /Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.

 Ден 8 / Појадок. Слободен ден. Вечера. Ноќевање.

 Ден 9 / Појадок или сув пакет. Трансфер до аеродромот. Заминување во 03,15 ч. од аеродромот Коломбо за Доха со лет на авиокомпанијата "Qatar Airlines". Пристигнување на аеродромот во Доха во 06:55 часот. Поаѓање за Скопје во 06,55ч. со лет на авиокомпанија "Qatar Airlines". Пристигнување на аеродромот во Скопје во 11:15 часот.

Доплата за All inclusive/ po lice €140.00

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Скопје- Доха - Коломбо - Доха - Скопје во економична класа, со вклучени аеродромски такси на авиокомпанија "Qatar Airways";
Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
7 ноќевања со 7 појадоци и 6 вечери во хотелот "Citrus Hikkaduwa" *** во соба Superior;
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Трошоци од личен карактер;

КОРИСНА ИНФОРМАЦИЈА
Цената на екскурзијата е пресметана при цена на авионскиот билет 732 € (за периодот 01.05.2017 - 31.10.2017г.) и 672 € (за период 01.11.2017 - 31.10.2018 г.)  со аеродромски такси. При промена во цената на авионскиот билет агенцијата го задржува правото за промена на цената на туристичкиот пакет.
Локална валута - Шриланска рупија (LKR).
Девизен курс: 1 € = 156,18 LKR; 1 $ = 141,14 LKR
Сметање на времето: Скопје - 12 часот; Коломбо - 6,30 часот.
За македонски државјани не е потребна виза.
Виена телефон: +4315037988 Адреса: Weyringergasse 33-35, 4th Floor 1040 Vienna  E-mail: embassy@srilankaembassy.at
Медицински и здравствени услови:
Нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето.

Патувањето се спроведува при минимум 2 запишани туристи.