NO NAME ПРОМОЦИЈА
203 € (12.586,00 ден.)
за терминот 22.07.-31.07.2014



Лефкада по големина е четврт јонски остров. Познат е по волшебната природа, рајските песочни плажи и богатата културно-историска традиција. Се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија.

Најубавите плажи на овој архипелаг се протегаат од Агиос Никитас до Порто Катсики.
Обвиткан со смарагдните води на Јонското море овој неодолив остров ви нуди рајски, опуштен одмор. Лефкада ги пленува посетителите со својата автентичност: волшебни плажи, зимзелени шуми, традиционални села изградени на планинските падини, неверојатна кујна и топла гостопримливост.
Туристичката инфраструктура е извонредна, се нудат бројни луксузни хотели, соби за изнајмување, приватни вили и кампови. Ви препорачуваме сместување во селото Нидри.
Нидри (Nydhri) – е сместено на источната обала на Лефкада и е главното туристичко одморалиште на овој остров. Од главниот град Лефкада е оддалечено 21 км. Нидри има одличен локален автобуски сообраќај. Блиската околина е одлична за пријатно возење со велосипед и пешачење низ маслиновите насади. Посетете водопадите на Нидри (околу 4 км) или со велосипед до малата бела црква св. Недела (Agia Kiriaki) на ‘ртот Јени, (околу 8 км). За тие со повеќе енергија има пешачки патеки до околните брда до Палеокатуна. Неохори и Харадиатика.
Нидри е една од главните дестинации за јахтите во Јонското море и е почетна точка на неколку флотили и место каде се изнајмуваат јахти и едрилици. Овде морето обично е мирно и затоа Нидри е одлично место за да научите да едрите. Годишната Јонска Регата – Нидри, Лефкада е почетната точка на овој настан кој е најголемата медитеранска регата на јахти и секогаш се одржува на третиот четврток во септември, учествуваат околу 190 бродови и е навистина спектакуларен настан за гледање. Повеќето локални бродови нудат можност за пратење на регатата, но треба навреме да го резервирате вашето место.
Комбинацијата од интересна обала преполна со заштитени и осамени заливи и неколкуте блиски мали острови како што е Скорпиос (приватниот остров на Оназис) прави овде да има многу што да се посети. Изнајмете моторен чамец и истражете го островот на Оназис.


СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ ВО НИДРИ:

АКРОГИАЛИ СТУДИJА

-се лоцирани во сликовитот залив на Нидри. Тие се дизајнирани да им овозможат на посетителите да уживаат во морето и мирната атмосфера со прекрасен поглед на Мадури и Островот Скорпиос. Студиата се наоѓаат на 20м од плажа и на 30м од главната улица во Нидри. Сите студиа се опремени со бања, фрижидер, тв, клима. Сместувањето е идеално за семејства и двојки кои сакаат тивок одмор во пријателска атмосфера.


ВИЛА САФО
- располага со двокреветни и трокреветни студија и апартмани комплетно опремени со кујна, ТВ, клима. Во секое од студијата има тостер и електричен бокал за вода. Се наоѓа на 50м. од главната улица на Нидри и 80 м. од море.


ВИЛА БОРСАЛИНО
- располага со двокреветни студија опремени со кујна, ТВ, клима и сеф со доплата. Се наоѓа во центарот на Нидри и на 100 м. од плажа.


ИОНИОН АПАРТМАНИ
Aпартманите се наоѓаат на 200м од плажа и на исто толку метри од центарот на Нидри. Лоцирани во мирна и тивка околина, со поглед кон морето и кон убавите мали острови, ќе Ви пружат можност за мирен одмор. Апартманите се опремени со кујна, фрижидер и сите потребни додатоци, трпезарија и удобна дневна соба со софа, маса, камин, тв и балкон со поглед на заливот.

Цени и услови на патувањето 

ВИЛА Термин/услуга 07.06 - 16.06 16.06   – 25.06 25.06-04.07 04.07-13.07 13.07-22.07 22.07-31.07 31.07-09.08 09.08-18.08 18.08-27.08 27.08-05.09 05.09-14.09 14.09 - 23.09







NO NAME ПРОМОЦИЈА
203 €

12.586,00 ден.
IONIAN APP 1/3+1 RO
8990 ден
(145€)
10478 ден
169€
11718 ден
189€
14198 ден
229€
15438 ден
249€
17918 ден
289€
203 €
17918 ден
289€
17918 ден
289€
16835 ден
259€
13578 ден
219€
11098 ден
179€
9238 ден
149€
SAPHO 1/2
RO 7998 ден
129€
9238 ден
149€
11098 ден
179€
14198 ден
229€
14818 ден
239€
16835 ден
259€
203 €
16835 ден
259€
16835 ден
259€
14198 ден
229€
11718 ден
189€
9858 ден
159€
8730 ден
135€
BORSALINO 1/2 RO 8990 ден
145€
10478 ден
169€
11718 ден
189€
14198 ден
229€
15438 ден
249€
17918 ден
289€
203 €
17918 ден
289€
17918 ден
289
16835 ден
259€
13578 ден
219€
11098 ден
179€
9238 ден
149€
AKROGIALI STUDIOS BB 12338 ден
199€
13640 ден
220€
15500 ден
250€
17298 ден
279€
18538 ден
299€
20398 ден
329€
203 €
20398 ден
329€
18538 ден
299€
17298 ден
279€
15438 ден
249€
14198 ден
229€
12338 ден
199€

НАПОМЕНИ

  • Цените се однесуваат на пакет-аранжман по лице 
  • 9 ноќевања и автобуски превоз во апартманско сместување ( Сафо, Борсалино, Иониан )
  • 9 ноќевања со појадок и автобуски превоз во апартманско сместување (Акрогиали студија )
  • Сместувањето може да биде во студио (2-3 лица) или во апартман (4 лица). 
  • Цените се дадени во евра, а уплата се извршува во денарска противвредност (1 евро = 62 ден.). 
  • Дете од 2 до 12 г., придружувано од двајца возрасни плаќа 70 еур. Дете до 2 години е бесплатно и не користи седиште во автобус.
  • За сместување во апартмани и студија - две лица плаќаат полна цена, трето и четврто лице плаќаат по 70 евра
  • Трето лице во Акрогиали студиа во 1/3 студио на ББ – 30% попуст
  • Само превоз - 70 евра. 
  • Ако се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра.
  • Доколку се користи клима-уред, се плаќа на самото место. 
  • Задолжително е патничко осигурување: 310 ден. за лица до 65 години. 
  • Сместувањето во студијата е во 14.00 ч, а напуштањето на студијата во 10.00 ч. 
  • Поаѓањето е на ден пред дадениот термин на следните локации
    • 22:00 КУМАНОВО ((Бензиска Пумпа Макпетрол на влезот во Куманово)
    • 23:00 СКОПЈЕ (Паркинг кај Хотел ВИП)
    • 23:30 ВЕЛЕС (Мак Оил бензиска пумпа кај Мотел Македонија)
    • 24:00 НЕГОТИНО (Макпетрол бензиска пумпа на влезот на Неготино)
    • 00:40 УДОВО (Макпетрол бензиска пумпа )
    • 01:00 ГРАНИЦА (Бензиската пумпа пред граница - Поранешна Шимов)
  • ТА ПЕТ го задржува правото за промена на цена без претходна најава. 
  • Цените се гарантирани за веќе целосно платени аранжмани. 
  • Важат општите услови на СКТМ и ТА ПЕТ.