T: + 389 2 322 22 01 · F: + 389 2 311 64 32 · ПЕТ Туристичка агенција ·  
.
.
Очна клиника "Фјодоров"
Основана од Академикот Свјатислав Фјодоров во 1986 година како Државен Институт за Очна Хирургија при Министерството за Здравство на Руската Федерација, која до ден денес го носи неговото име, е истакнат научен и истражувачки офталмолошки центар во Русија. Клиниката на Фјодоров е уникатна и единствена благодарение на постојаното усовршување на технологиите за дијагностика и хируршки операции за скоро сите познати очни болести на денешницата.

Освен централната клиника во Москва, постојат повеќе од 11 официјални клиники лоцирани низ цела Русија. Високо квалификувани специјалисти, најдобра опрема, напредно водство и менаџмент, како и добро опремените лаборатории допринесуваат за ефикасност на третманите и минимизирање на ризикот од постоперативни компликации што ги привлекува и домашните и странските пациенти.

Пред 30 години Фјодоров бил пионер во имплантацијата на контакни леќи после екстракција на катарактата, а подоцна го разви методот на хируршка миопија (кратковидост) и корекција на астигматизам - ретинална кератотомија. Последнава декада следниве уникатни методи кои биле развиени и успешно се применуваат само на Клиниката Фјодоров:
  • Директна стимулација на очниот нерв со електрода директно поврзана на нервот
  • Операција на висок степен на миопија и хиперопија со употреба на вештачки леќи или ласерски зрак - LASIK
  • Операции на крвните садови кои го снабдуваат окото при ихемија на ретината или очниот нерв
  • Имплантација на вештачки леќи од колаген, силикон, хидрогел, леукосафир
  • Трансплантација на корнеа од донатор со компатибилнјост на ткивата на донаторот и пациентот и вештачката корнеа - кератопростетика
         На очната клиника „Фјодоров“ успешно се третираат следниве заболувања: трајна и прогресивна миопија од сите степени, хиперопија, астигматизам, катаракта, глаукома со голема сигурност за зачувување на видот, парцијална атрофија на очниот нерв, ретинална дистрофија и многу други заболувања.
     
Покрај хируршките интервенции, на клиниката успешно се користи ласерски третман на сите очни заболувања. Денеска, само Клиниката „Фјодоров“ е најстручна во светот за лекување на деца од тригодишна возраст со конгенитално заболување на окото и неправилности при прекршувањето. Развиени се нови компјутеризирани, ласерски и физиотерапевтски методи за третман на амблиопија, корективна хирургија на очите и лицето.
Секој пациент, пред да дојде во Москва, може да се консултира со врвен очен специјалист со доставување преку факс, пошта или e-mail, на последните медицински досијеа издадени од локалниот офталмолог. Во рок од неколку дена, пациентот добива одговор со предложен третман и цената на истиот.
Просечен период за престој во клиниката е 10 - 14 дена, период во кој се извршува потребниот третман. Со заминување од клиниката секој пациент добива лекарски извештај или заклучок, на англиски јазик, во кој е опишан статусот на пациентот пред пристигнувањето на клиниката, информации за третманот применет врз пациентот, понатамошни лекарски препораки и лекарства потребни за постоперативна рехабилитација.
Покрај извонредната медицинска помош, пациентите можат да ги користат и одличните хотелски услуги, како што се локалниот транспорт до клиниката за време на нивниот престој, сместување на база на полн пансион и професионален преведувач. Исто така постои и можност за 24 часовна медицинска нега за сите пациенти, како и за извршување медицински постапки во хотелскиот дел на клиниката.

Пријавување за преглед

Како овластен претставник на очната клиника „Фјодоров“ од Москва, Т.А. „ПЕТ“ организира консултативни прегледи, патувања и лекувања - операции на очи во наведената клиника. Неколку пати годишно се вршат селективни прегледи од страна на лекар - специјалист, кој врз основа на дијагнозите го одредува програмот на лекување и издава упат за лекување и операција, кој важи три месеци. Во случај да пациентот не бил на селективен преглед, агенцијата може во договор со клиниката „ФЈОДОРОВ“, а врз основа на поднесената документација ориентационо да го одреди програмот за лекување и да издаде упат, а пациентот е должен да плати евентуална разлика во цена која дефинитивно се одредува на клиниката „ФЈОДОРОВ“ во Москва.

Т.А. „ПЕТ“ е одговорна за организирање - формирање и праќање групи пациенти во Москва на лекување во клиниката „ФЈОДОРОВ“, изведување на патувањето, авионски превоз, трансфери, како и обезбедување на руски визи за патниците - пациентите и нивните придружници кои патуваат во составот на групата. Агенцијата исто така обезбедува водичи на група и стручни преведувачи.


 За првиот нареден термин за прегледи и лекување во Москва, јавете ни се.
hd
Хит и промотивно ХРВАТСКА
ИСТРА и КВАРНЕР - пакет аранжмани
Хотел Делфин и ТЦ Увала Скот. повеќе >
 
sh
Истражете го Египет со нашата промотивна хит понуда. Од 03.07.2008 до 13.07.2008.
повеќе >
 
Неверојатна земја која често се опишува како крстопат помеѓу истокот и западот, помеѓу Европа и Азија, а христијанството со исламот. Место каде секое делче крие своја приказна и е дел од некоја неверојатна култура. Дојдете во овој џин протегнат над босфорот и уживајте во прекрасните плажи, планини, мостови, цркви, манастири, џамии.....едноставно, Турција.

Аланиа
(превземи во PDF)
Белек
(превземи во PDF)
Кемер (превземи во PDF)
Лара Кунду
(превземи во PDF)
Сиде (превземи во PDF)
 
.