|
 |
29.12 – 03.01.2012
6 дена / 3 ноќевања
|
Прага се смета за еден од најубавите градови во Европа. Историскиот центар на градот со уникатна панорама на Прашкиот замок, најголемиот замочен комплекс во светот, кој е наследство од УНЕСКО. Историскиот центар на градот како и многуте атракции го прават привлечен градот за многу туристи.
|
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 185€ или 11.450 денари
за уплата до 20.11.2011 – ГРАТИС крстарење по Влтава |
|
1 ден 29.12.2011 СКОПЈЕ
Состанок со групата во 14:30ч. на паркингот пред хотел „Холидеј Ин“ и поаѓање за Прага, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 30.12.2011 ВИЕНА – ПРАГА
Пристигнување во Прага во попладневните часови (околу 13 часот). Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, прошетки, шопинг, warm up party во Пивница, факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Вечерта предновогодишно загревање во дискотека. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 31.12.2011 ПРАГА
Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица… Враќање во хотел. Вечерта трансфер до дискотека за дочек на Нова Година 2012 во една од најдобрите дикотеки во Прага со околу 20 интернационални Диџеи на 3 стејџа со закуска и welcoming drink (вино или шампањ) http://www.ockopraha.cz/foto-a-video. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
4 ден 01.01.2012 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА
Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Враќање во хотел. Можност за посета на традиционален чешки ресторан (http://www.krcmaupavouka.cz/index_en.html) и во договорено време заминување на after New Year Party во една од најдобрите дикотеки во Прага http://prague.sasazu.com/en/club-info. ГРАТИС загревање за гостите на Т.А Фалкон Травел -Стриптиз клуб http://hotpeppers.cz/hotpeppers.html. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
5 ден 02.01.2012 ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање кон Скопје околу 12:00 часот. Дневно и ноќно возење преку Унгарија и Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 03.01.2012 СКОПЈЕ - Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Во цената на аранжманот вклучено е:
• Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
• Сместување во хотел со Атлас 3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок) http://www.ubytovnaatlas.cz/
• Организиран разглед со локален водич за Прага
• Влезници за 3те вечери во дикотеки - http://prague.sasazu.com/club-info, http://www.ockopraha.cz/, и изненадување 3та дискотека ☺
• Влезница + превоз за Стриптиз Бар http://hotpeppers.cz/hotpeppers.html
• Превоз до Пивница
• Организирани трансфери хотел – центар – хотел, хотел – дикотека - хотел
• Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
• Организација и реализација на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• Крстарење по Влтава – 10€
• Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич - 20€
• Патничко осигурување 5€
• Посета на традиционален чешки ресторан - 25€
• Индивидуални трошоци
|
|