ПАРИЗ И ДИЗНИЛЕНД


ДИЗНИЛЕНД – ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД
ПЕРИОД 01.11.2013-31.10.2014
ПОАЃАЊЕ – СЕКОЈ ЧЕТВРТОК
4 дена со три ноќевања

Споделете волшебни семејни моменти на местото што е многу повеќе од тематски парк. Овде во текот на целата година живее магијата на Дизни, незаборавна забава за сите возрасти. 
Посетете го Париз...
...започнете го денот со кафе на Шанзелизе, потоа полека прошетајте по авенијата Марсо кон Ајфеловата кула поминувајќи го познатиот мост Алма.
Посетете го Лувр, прошетајте по Монмартр од каде може да уживате во извонредната панорама на градот и неговите споменици, осветлени по зајдисонце...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ДЕН – ЧЕТВРТОК Веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Париз, трансфер до хотелот во Дизниленд. Време за одмор и слободни активности. Ноќевање.

2 ДЕН – ПЕТОК
Доручек. Слободен ден. Можност за факултативни екскурзии.

3ДЕН – САБОТА
Доручек. Слободен ден. Можност за факултативни екскурзии.

4 ДЕН – НЕДЕЛА
Доручек. Организиран трансфер до аеродромот во Париз според времето на летот.

Сместување во MAGIC CIRCUS HOTEL 4*


 ЦЕНА ПО ЛИЦЕ  
 ДВОКРЕВЕТНА СОБА 290 ЕВРА 
 ТРОКРЕВЕТНА СОБА 250 ЕВРА
 ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА 520 ЕВРА
 ДЕЦА ( 3-6 год.) 250 ЕВРА
 ДЕЦА ( 7-12 год.) 250 ЕВРА


Во цената е вклучено:
- 3 ноќевања во хотел со 4* на база ноќевање со појадок
- организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено:
- авионска карта
- факултативни екскурзии
- сите неспоменати услуги

Услови:
Децата мора да ги имаат наведените години за време на патувањето.
Цените кои се дадени за деца се однесуваат на сместување во соба со 2 возрасни лица, доколку детето престојува во посебна соба се наплаќа како за возрасно лице.
Лицата кои патуваат мора да приложат оригинален ваучер на туроператорот во Париз.

Пред секое патување ве молиме да ги прочитате Општите услови за патување на СКТМ и ТА ПЕТ.