ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55

Занзибар, индивидуално

Занзибар, индивидуално

Дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини.

Со векови магнет за голем број морнари како и светски туристи и мета на големите освојувачи. Но, денес благодарение на богатата историја, традиција и култура, како и воодушевувачка убавина на природата, прекрасните плажи и палми, далеку од било каква цивилизација претставува вистински бисер на Индискиот океан и парче рај кој треба да се доживее.

Откако ќе се симнете од брод или од авион и зачекорите на Занзибар - ќе бидете пренесени низ столетијата - до древната Персија и приказните за Ширази трговците кои беа инспирација за Синбад морепловецот, до палатата на Свахили принцезата и Оманските султани, до Индија со сите незини мириси.

За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови.  Индо-арапската архитектура на Камениот град пружа егзотична урбана позадина за старците кои играат бао (традиционална игра), додека жените во нивните Буи-буи (исламска облека за покривање) застануваат да си поприкажат. На островот Пемба брдата се прекриени со полиња од каранфили, а фармерите товарат гајби со манго на бродовите. А долж обалата, селскиот живот се одвива на традиционален начин, каде рибарските бродови отпловуваат на плима, а жените собираат морски алги од белиот корален песок.

Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство за сите сетила.

1. ден Скопје– Доха
Собир на групата на аеродром 2 часа пред лет за Доха.
2. ден Доха - Занзибар
Патувањето продолжува за Занзибар . Ноќен лет со оброци во авион. Трансфери до хотел Paradise Beach Resort**** . Сместување.
3. ден – 10 ден Занзибар
Престој во хотелот на база ноќевање со појадок. Слободни активности.
11. ден Занзибар- Доха - Скопје
Трансфер до аеродром. Лет за Доха. 
12. ден  Доха- Скопје
Продолжување со лет за Скопје.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 1.215 € (75.330,00 ден.) / ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБA


МОЖНОСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА И НА ДРУГИ ХОТЕЛИ (НА БАРАЊЕ)

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: авио превоз со сите аеродромски такси, трансфери аеродром- хотел - аеродром, 9 ноќевања со појадок во хотелот Paradise Beach Resort****, организација на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:  виза (се плаќа при влез во земјата = 50 $) меѓународно патничко осигурување и сите неспомнати услуги.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: 50% при резервација во денарска противвредност по курс 1евро=62  денари, а остатокот, најдоцна 20 дена пред поаѓање.

 

Paradise Beach Hotel ****

Овој ресорт се наоѓа во местото Уроа, еден од најубавите делови на Занзибар, 35 км. оддалечен од Stone Town.

веб страна: http://www.hotelzanzibar.com/en/hotel/

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ДТУ ПЕТ.АЕРО и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Агенцијата го задржува правото 7 дена пред почеток на патувањето да го откаже аранжманот.