ДТУ ПЕТ.АЕРО  (02) 3 22 22 01 • (02) 3 12 12 00 • GSM: +389 71 28 55 55
Дубаи екскурзии

Дубаи екскурзии

ИЗЛЕТИ ИНДИВИДУАЛНИ (ЗА 2-8 ЛИЦА) / ОКТОМВРИ 2019- АПРИЛ 2020 

Збирни излети на англиски јазик (дополнителна услуга од водич на српски јазик согласно расположливост и група за даден термин)

  • Dhow Cruise Marina – 70 еур/ лице
  • New Channel cruse – 81 еур/ лице
  • Desert Safari – 60 еур/ лице
  • Dubai City Tours – 44 еур/ лице 
  • Abu Dhabi City Tours – 81 еур/ лице
  • Normal Hours: Burj Khalifa At the Top – 49 еур/ лице 

Забелешка: ЗА ПЕРИОД МАЈ –СЕПТЕМВРИ НЕКОИ ЛОКАЛИТЕТИ СЕ ЗАТВОРЕНИ ЗАРАДИ ЛЕТНА СЕЗОНА И ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ ЕКСКУРЗИИТЕ СЕ ПОНИСКИ

КОМБО ПАКЕТИ - - збирна тура на комбинации на екскурзии со водич на англиски јазик цена по лице ЕУР

  • Trio Combo (Desert Safari, Dubai City Tour and Creek Dhow Cruise) 99€
  • Trio Combo (Desert Safari, Dubai City Tour and Marina Cruise) 140€
  • Trio Combo (Dubai City Tour, Abu Dhabi City Tour and Desert Safari) 140€
  • Dual Combo (Desert Safari and Dubai City Tour) 77€
  • Dual Combo (Abu Dhabi City Tour & Desert Safari) 110€
  • Dual Combo (Dubai City Tour & Creek Cruise) 66€
  • Dual Combo (Desert Safari & Creek Cruise) 82€
  • Dual Combo (Desert Safari & Marina Cruise) 110€
  • Quad Combo (Desert Safari, Dubai City Tour, Abu Dhabi City Tour and Creek dinner Cruise) 185

DUBAI CITY TOUR-полудневен излет 4 часа без ручек (09-14h) - Доколку сакате да го обиколите Дубаи ве носиме во неговите најубави делови.Овој космополитски град го спојува древниот и модерниот свет. Турата опфаќа фото стоп на Бурџ Ал Араб хотелот, Мадинад, панорамска посета на палмата и сликање кај Атлантис на палмата ... Посета на Jumeirah џамијата која е изградена во 1979.Го посетуваме и фантастичниот музеј на Дубаи кој се наоѓа на област Al Fahidi.Оваа област е направена во 1800 година. Во тврдината се изложени кружни кабини како и стари музички инструменти од 300 п.н.е.Во подрумот се прикажуваат филмови за минатото на Дубаи за неговиот развој од триесетите години до денес.Експонати од накит,оружје,надгробни плочи од 3 век п.н.е. се изложени во музејот. Се продолжува прошетката до стариот дел на Дубаи-Деира каде ке се посети улицата за злато,пазарот за зачини и парфеми. Турата завршува во ДУБАИ МОЛ. 

ABU DHABI CITY TOUR - целодневен излет 8 часа (08:30-17:30) - Излетот почнува од Дубаи, се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по  многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ, кој е закопан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до островот Јас каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА: Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете, што подразбира долги панталони, долги ракави, а за жените е задолжителна марама.

CRUSE MARINA/ NEW CHANNEL CRUSE со вечера поаѓање 19:30/ 20:30 враќање max 23:00  -.Крстарење со брод по марината или крстарење со брод по новиот канала. За вечера се послужув сет мени (месо зеленчук) со безалкохолни пијалоци.

ПУСТИНСКО САФАРИ (15/15:30-21h) вклучена вечера во импровизирано бедуинско село  која вклучува: шведска маса, безалкохолни пијалоци- вода, чај, кафе, јавање на камили, фотограирање со локална облека, пушење наргиле, цртање со кна. На оваа тура добивате една незаборавна пустинска авантура. Јавање на камили, бордање по песок, возење на баги... Застануваме на највисоките песочни дини на кои ќе имате неверијатен поглед на заоѓањето на сонцето од каде ќе направите одлични фотографии. Патот продолжува до бедуинското село кое се наоѓа во срцето на пустината. Тука можете да се освежите со чај и кафе. Следи вечера со традиционална музика и танчери. Тука можете да јавате на камили, да пушите наргиле со разни вкусови. Ќе ве послушат со локални јадења додека вие се одмарате под шатор. По оброкот започнува танцот на бедуините кои ќе ве остави без здив.

Покрај наведените излети во понудата е и 

  • посета на Burj Khalifa (( влезници 54 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 78 евра), највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат ...Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (потребна е претходна резервација)

ОСТАНАТИ ЕКСКУРЗИИ И МЕСТА ЗА ПОСЕТА – цена дополнителна на барање и во консултација со локален претставник/ водич

  • Atlantis the Palm - Нов и импресивен хотел во Дубаи, кој се наоѓа на врвот на палмата Palm Jumeirah. Тука може да го посетите уникатниот аквариум The Lost Chambers и аква паркот Aquaventure. Во самиот хотел можете да посетите и некој од многубројните барови и ресторани и да уживате во арапската и интернационалната кујна.
  • Ски Дубаи - првата затворена скијачка патека во светот, во Emirates Mall трговскиот центар, импресивен објект , кој Ви дава неповторлива можност да скијате и да одите на плажа во еден ист ден.
  • Аквариумот во Дубаи Мол трговскиот центар – уникатен аквариум каде може да видите и ајкули и многу видови на риби и морски останат морски свет. Доколку сакате да влезете во него потребно е да се купи карта во самиот трговски но доколку несакате мал дел од аквариумот може да се види и од ходникот на самиот трговски центар. 
  • Creekside Park- прекрасен парк со многу зеленило, со многу игралишта, области за разонода, амфитеатар, игралиште за мини голф. Работно време (проверете го за време на Вашиот престој во Дубаи) 8-22 часот, среда е отворен само за жени и деца. Овде можете да го видите шоуто со делфини и фоки.
  • Jumeirah Park Beach Garden. Една од многуте убаво уредени плажи во Дубаи. Се наоѓа во близина на областа Al Barsha (околу 7 еур со такси). Плажата е комплетно опремени со лежалки, чадори, барови... Влез на плажата е околу 5 еур по лице а доплата за лежалка е околу 3 еур по лице. Целиот простор е опкружен со зеленило.
  • Wild Wadi - забавен воден парк, се наоѓа помеѓу Hotel Jumeirah Beach и Burj Al Аrab. Нуди незаборавна забава за деца но и за возрасни.
  • Miracle Gardens- неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина. Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе.
  • Barasti beach- Moдерна плажа која се наоѓа на палмата. Секој ден организирана забава се до вечерните часови. Влез околу 30 еур со конзумација.
  • Дубаи Марина – уникатна област со многу ресторани и кафулиња. Вечера покрај море во урбана средина. Доживејте едно поинакво романтично уживање.
  • Madinat Jumeirah - рафинирани ресторани, современ пазар со уникатни сувенири и неповторлива романса, област која потсетува на Венеција. Спој на традиционалната архитектура во Дубаи и модерниот начин на живот. Имајте ралаксирана вечера или пијте кафе во исклучително релаксирана атмосфера.( работното време ќе го проверите на лице место за време на вашиот престој)
  • Dubai Creek Golf & Yaht Club - многу средени зелени пространства кои нудат спокојство со поглед на заливот Дубаи. Идеално место за љубителите на луксузот.
  • Jumairah The Walk – област во близина на хотелот Хилтон Џумеира, пешачка зона со ресторани, каулиња и клубови покрај море. 
  • Разиграни фонтани – најимпресивните разиграни фонтани во светот, во рамки на Дубаи Мол (најголемиот трговски центар во светот), спроти највисоката зграда на светот Борж Калифа, кои танцуваат по 18 часот на секој половина час и секој пат на различна песна. Пред нив имате голем избор на ресторани и кафулиња за Ваш одмор. Незаборавно искуство од кое ви навираат солзи во очите.
  • посета на GLOBAL VILLAGE – индивидуално, најдолемиот пазар и панаѓур во Дубаи, со голем број штандови и продавзници од многу земји во светот. 
  • DUBAI PARKS & RESORTS – ИНДИВИДУАЛНО (на барање). Најновата атракција во Дубаи – забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).
 

Пред секое патување ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на ДТУ ПЕТ.АЕРО и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.

Агенцијата го задржува правото 7 дена пред почеток на патувањето да го откаже аранжманот.